Реклама
Наши ѕвезди

Гоца се пожали: Народот е среќен што естрадата нема од што да живее, а пожарникарот Срки ѝ возврати – Тишина, знаеш ли како им е на работниците!

Реклама

Популарната српска пејачка Гоца Тржан (46) покрена лавина коментари на Твитер, поради ситуацијата во која се наоѓаат естрадните уметници и нивните колеги и соработници.

– Гледам дека народот многу е среќен и задоволен што естрадата нема од што да живее. Ете, барем на некој и среќа да му донесеме со својава несреќа, е првиот нејзин твит кој наиде на жестоки реакции кај луѓето.

Маркетинг

– Не се жалам и не барам ништо, само минимум почитување и емпатија кон многуте мои колеги кои имаат проблем… Ужасно е колку се одвратни луѓето во овие несреќи, додаде во коментарот.

Маркетинг

 

– Гоцо, исклучи го налогот. Кутрата ти. Зошто не се кренете за својот народ, туку само кога вашите га*ови се во прашање, ѝ напиша некоја Александра.

– Мислам дека погрешно протолкуваше. Никој не е среќен што вие не работите, туку масата се шегува со вас зошто се жалите. Додека не се случи ова с*ање многумина од вас земаа повеќе илјади евра недело. Кој нема заштедено од вас – или се коцка, или се дрогира. Луѓе работат цел живот за 30.000 динари, изгубиле работа во овој период, па не се жалат толку, колку вие од естрадата. Само поради тоа ве исмеваат, ѝ одговори еден твитераш.

– Па може Миљана Кулиќ да ви помогне, сепак влегува во Задруга за 200.000 евра, е наредниот коментар на објавата на Гоца.

– Би била одлична дадилка на нејзиниот син, зошто да не, одговори Тржан.
Потоа се јави твитераш на чиј профил пишува дека е пожарникар и дека се вика Миливоје, со прекар Срки.

– Вие пред короната имавте можност да заработите од неколку настапи колку што професионален работник не заработува за 2 години. Така што баш ми е гајле за музичарите. Уште спортистите да почнат да се жалат што им е намалена платата. Живеете подобро од 99 % од луѓето на Балканот, па затоа тишина, ѝ напиша овој човек.

– Другар, заработувам јас и сега зошто не купував скапи ташни и не се ку*чев туку многу паметно ги вложував парите. Не е поентата во тоа. Поентата е дека и музичарите се луѓе и дека не е убаво чувството некој да ти лајкува што немаш од што да живееш. На заработуваат сите музичари илјадници евра, му одговори Гоца.

– Па малку е кутро што слушам од устата на Нина Бадриќ, Неда Украден дека се жалат и бараат помош од државата, а заработиле куп пари. Ставете се во позиција на работник кој работи за 250 евра и некој му дава отказ поради короната, напиша споменатиот човек.

– Апсолутно е ужасно. Но јас не сум една од нив, зарем не? – одговори Гоца, со што изрази несогласување со ставовите на Нина и Неда.

Потоа следуваше уште една објава на Гоца која исто така доби лавина коментари.

– Вака: јас прва се пос*рав на оние од естрадата кои се жалат. Како што сега се*ам на оние кои лајкуваат, напиша Гоца.

– Го читам ова додека работам ноќна смена и чувствувам неопислива болка во долниот екстремитет, и одговори еден твитераш.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button