Гоца во изолација сама готви, па дури и лебот го меси сама – еве колку килограми се здебелила
Познатата пејачка се пофали дека редовно вежба и за време на вонредна состојба
Времето во изолација, пејачката Гоца Тржан пеењето го замени со готвење, пеглање и секојдневни работи во домаќинството.
Но и покрај ваквата непланирана промена, пејачката за Курир.рс откри како се бори да ја задржи својата одлична линија и дека има направено и теретана во својот дом. Токму затоа може да се пофали дека во текот на времето што го поминала во изолација, воопшто не се здебелила.
„Тренирам еднаш дневно и тоа не го прескокнувам, се мотивирам гледајќи во огледало, па ќе анализирам сé што сум изела. Имам и тренер кој е фантастичен и кој сè уште ни дава тренинзи, само сега преку Интернет. Ни се јавува постојано за да провери дали сме ги направиле сите вежби, така што не смеам да прескокнам. Очите ми испаѓаат додека да ги завршам своите вежби, но не се откажувам “, вели Гоца.
Таа вели и дека стрелката на вагата не се поместила од почетокот на изолација.
„Не се поправив за време на изолацијата. Јас многу готвам така што ми станува мака од јадење. Сите три оброци дневно сама ги права’, призна пејачката во интервју за Курир.
Но, она што е најважно е дека сопругот Раша и ќерката Лена се задоволни од нејзиното готвење.
„И двајцата се многу задоволни, мојот сопруг особено го сака тоа што го готвам, што за него е најголем благослов. Имаме појадок, ручек и вечера заедно дома. Сега направив скара и печен домашен леб кој излезе одличен. Го изедовме целиот, и толку беше добар, што повторно ќе го направам утре“ – признава Гоца Тржан со насмевка на лицето за овој дневен весник.