Реклама
Вирално

Гостувањето на „Танец“ во Австралија ги подели социјалните мрежи

Реклама

„Вие сте заглавени во некое друго време“

Новинар од едно македонското радио во Мелбурн му постави неколку незгодни прашања на Мартин Вучиќ.

Маркетинг

Имено, тој го праша дали премиерот на Македонија го користи „Танец“ да ги убеди Македонците да го прифатат новото име, како и бришењето на идентитетот на Македонците, на што Вучиќ не сакаше да му одговори.

Мартин кој е на чело на „Танец“ заедно со членовите на ансамблот е дојден на турнеја во Австралија, а неговото гостување предизвика големо внимание кај нашинците во оваа прекуокеанска земја.

Маркетинг

Тој и претходно се пожали преку социјалните мрежи дека некои поединци од нашата заедница во Австралија се обидуваат да го опструираат нивното гостување.

„Во овие седум децении се смениле повеќе историски и општествени контексти, но македонското оро и песна, македонската музичко-фолклорна традиција, македонскиот јазик и култура гордо им пркосат на сите тие предизвици. А тоа е така затоа што сите генерации вработени во Танец и сите генерации поддржувачи на овој наш подвижен музеј на македонскиот фолклор, вложиле многу љубов и многу труд да го одржат ова што денес го имаме“, напиша тој во неговата Фејсбук порака што ја сподели деновиве.

Но и покрај неговиот апел да се престане со политизирањето на нивното гостување, повторно дојде до непријатна ситуација.

Имено, на прашањето на новинарот дали „Танец“ има политичка задача, и дали се дојдени бидејќи ги испратил премерот Зоран Заев, Вучиќ му одговори:

„Има политичка задача да го шири фолклорот, но вие очигледно сте застанати во некое друго време и немам што да ви одговорам на тоа прашање“.

По ова следуваше жолчна расправија меѓу корисниците на социјалните мрежи. И додека едни го напаѓаа со погрдни зборови претставникот на „Танец“, други му забележуваат на новинарот за непрофесионалното однесување.

Како тоа изгледаше погледнете во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button