Гори интернетот од ова шок издание на Јелена Карлеуша и Маја Беровиќ – ПОГЛЕДНЕТЕ И КАЖЕТЕ на која од нив подобро и стои?
Јелена Карлеуша и Маја Беровиќ во идентично издание…
Погледнете и кажете на која од овие две дами комбинезонот на познатиот француски дизајнер и стои подобро?
Не ретко се случува познатите дами да позајмат нечиј стајлинг, но ова беше речиси истовремено…
Контроверзната српска поп-пејачка Јелена Карлеуша овој викенд одржа концерт во Котор, Црна Гора. Таа за ова пригода носеше екстравагантен комбинезон од популарната модна куќа Жан-Пол Готје од колекцијата „Сајбер“, кој на официјалниот сајт чини 690 евра, но веќе е распродаден.
Интересно е и тоа што во потполно идентично издание истовремено осамна и пејачката Маја Беровиќ на социјалните мрежи.
Таа во овој комбинезон снимаше спот за нејзиниот нов албум, а го носеше со малку посилна шминка од ЈК.
Карлеуша целото издание го зачини со црни чизми со високи потпетици и очила за сонце од Шанел.
Маја овој комбинезон го носеше со зелени високи потпетици и необична пунџа врзана високо на главата.
Па, на која од овие две познати дами комбинезонот на познатиот француски дизајнер и стои подобро?
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм