Реклама
Наши ѕвезди

Горд татко и среќен маж – погледнете каква убавица е сопругата на македонската фудбалска легенда Горан Пандев (фото)

Реклама

Македонската фудбалска репрезентација го исполни сонот и се пласира на прво и историско Европско првенство.

Фото: Принтскрин, Инстаграм

Победата во Грузија ја донесе Горан Пандев со голот во 56. минута од натпреварот, кој беше доволен за големиот успех на нашата репрезентација.

Капитенот и лидер на оваа селекција призна дека е пресреќен за пласманот на Македонија на дебитантски голем собир, а меѓу другото кажа и што неговите сопруга и деца му порачале пред тргнувањето од Италија.

Маркетинг

„Успехот го посветувам на мојата фамилија, тие се мојата инспирација и помош. Кога ме испратија од Италија, жената и децата ми порачаа: Тато без Европско првенство да не се враќаш. Среќни се сите, а јас сум најсреќен. Уште не верувам дека го остваривме сонот, ама за некој ден ќе разбереме што сме направиле. Кога го дадов голот погледнав кон небото и помислив дека вербата во бог ќе те награди. Знаеме дека долги години се мачевме во фудбалот, ама сега треба сите заедно да се радуваме бидејќи тоа го заслужуваме“, изјави Пандев по победата на македонската репрезентација.

Фото: Принтскрин

Инаку, популарниот фудбалер Горан Пандев ретко објавува фотографии од семејството на социјалните мрежи, но секако дека постојат и исклучоци од кои можеме да видиме како изгледаат веселите семејни моменти на македонската фудбалска легенда. Тој од 2009 година е во брак со прекрасната Надица Хаџи-Скерлева, која исто така е родум од Струмица и со која има три дечиња – синот Филипо, ќерката Ана и најмалата Софија која се роди во 2018 година.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Тој го има носено дресот на вкупно 8 фудбалски тима: Беласица, Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај и Џенова и по долги години игра за најдобрите италијански клубови, на 25 февруари 2019, на Пандев конечно му е издадено италијанско државјанство.

Кариерата ја започна во ФК Беласица од Струмица, а летото 2001 година, на само 18 години, е продаден на Интер од Милано за сума од 250.000 евра.

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

На 15 април 2006, Пандев во дресот на Лацио за прв пат во кариерата постигнува два гола на еден натпревар во победата со 3-1 над Ливорно.

Пандев има помал брат, Сашко Пандев, кој исто така е фудбалер – бивш младински репрезентативец и член на ФК Турново.

Фото: Струмицанет.ком

Најголемиот успех со Лацио, Пандев го остварува во 2009 година, кога го освојува Купот на Италија, при што со постигнатите седум голови, тој е најдобар стрелец во ова натпреварување. За Лацио, Пандев има одиграно вкупно 159 натпревари во кои постигнува 48 голови.

Фото: Приватна архива
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Приватна архива
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Инстаграм/ Горан Пандев
Фото: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button