Гордост на целата нација – погледнете како јапонската амбасада во МАКЕДОНИЈА му честиташе на Дејан за освоениот медал
Цела држава се гордее со него
Македонскиот натпреварувач во теквондо, Дејан Георгиевски, го освои второто место и сребрениот медал на Олимпијадата во Токио.
Тој во финалето во категоријата +80 килограми загуби од рускиот натпреварувач, Владислав Ларин со 15:9.
Тој претходно, со резултат од 11-8 го победи Кубанецот, Алба Кастиљо кој е актуелен светски шампион во овој спорт.
Со Георгиевски се гордее целата нација, а на социјалните мрежи му честитаа и бројни познати личности. Меѓу нив се и голем број политичари, но и Амбасадата на Јапонија во Македонија која го напиша следново:
„Честитки Дејан!
Амбасадорот Савада и Амбасадата на Јапонија упатуваат честитки за сребрениот медал во тaеквондо на Дејан Георгиевски.
Дејан го носи првиот олимписки сребрен медал во историјата на Северна Македонија“ пишува на официјалниот профил на Фејсбук на Амбасадата на Јапонија во Македонија.
Фото: Инстаграм/ Дејан Георгиевски
Фото: Инстаграм/ Дејан Георгиевски
Фото: Инстаграм/ Дејан Георгиевски
Фото: Инстаграм/ Дејан Георгиевски
Фото: Инстаграм/ Дејан Георгиевски
Фото: Инстаграм/ Дејан Георгиевски
Фото: Инстаграм/ Дејан Георгиевски
Фото: Инстаграм/ Дејан Георгиевски
Фото: Инстаграм/ Дејан Георгиевски
Фото: Инстаграм/ Дејан Георгиевски
Фото: Инстаграм/ Дејан Георгиевски
Фото: Инстаграм/ Дејан Георгиевски
Фото: Инстаграм/ Дејан Георгиевски