Гордост на мама и тато – синот на Борко Ристовски ја воодушеви мамичка, но и сите останати
Наследникот на македонскиот ракометар ги воодушеви сите со она што го кажа.
Сопругата на голманот на ракометната репрезентација Борко Ристовски, Нина Рисовска е доста активна на социјалните мрежи и таму често споделува фотографии од семејството и моментите кои ги поминуваат заедно.
Најголемо внимание привлекуваат објавите поврзани со нивните деца.
ФОТО: Инстаграм / Нина Ристовска
Борко и Нина ги имаат двете деца, синот Душан и ќерката Анастасија.
Секој слободен момент и двајцата го користат да создадат убави спомени со своите деца.
ФОТО: Инстаграм / Нина Ристовска
Во брак се од 2018 година и важат за еден од најскладните парови кај нас.
Спортот е неизоставен дел од нивниот живот.
По породувањето со Анастасија, Нина започна со спортски активности, односно искачување на Водно.
ФОТО: Инстаграм / Нина Ристовска
Не ѝ беше потребно многу време за својата линија да ја доведе до совршенство и да изгледа исто како пред бременоста.
Нина на Инстаграм покажа кој ѝ прави друштво за искачување и ги воодушеви сите.
ФОТО: Инстаграм / Нина Ристовска
Таа сподели фотографија од синот Душан додека ја качува планината и откри каков одговор ѝ дал кога го прашала дали ќе може самиот да ја искачи.
„Го прашав дали ќе може да се искачи на Водно бидејќи одамна се немавме качено заедно, ми вика ‘мамо ти ги гледаш ракометарите кога играат како се потат и како им е тешко и пак продолжуваат. Епа така и јас ќе се качам ‘“.
Душан, 5 години, Шампион.
Мој најдобар другар и најмило друштво за искачување“.