Гордост на мама и тато: Порасна синот на Тијана Дапчевиќ – погледнете како изгледаше за полуматура
Гордата пејачка не можеше да ги задржи емоциите и се огласи на Инстаграм.
Синот на Тијана порасна и сега е момче кое со секој потег ги прави горди своите родители.
Македонската пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ уште од дете е дел од македонската естрада, а со текот на времето постигна и балканска кариера.
По стапувањето во брак со Милан Дапчевиќ, таа се пресели во Белград и почна да гради кариера надвор од нашите граници.
Подеднакво е успешна и во музиката и во глумата и тоа и во Србија и во Македонија.
Тијана и Милан се повеќе од 2 децении во брак, а плод на нивната љубов е нивниот син Вук.
Нејзиниот сопруг не сака премногу да се експонира во јавноста, но Тијана одвреме-навреме знае да сподели заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Тијана со нејзиниот сопруг е во брак од 2001 година, а како што популарната пејачка самата откри во една пригода, се запознале на кошаркарски натпревар.
По само четири дена излегување решиле да започнат заеднички живот, кој ете трае и до ден денешен.
Вук порасна во момче кое премногу потсетува на својата мајка физички.
Деновиве тој ја прослави својата полуматура, па гордата мајка се пофали на Инстаграм.
Таа сподели нивни заеднички фотографии, а во опис напиша:
„Ова дете на полуматура. Со среќа сине, те сакаат мама и тато“.
ФОТО: Инстаграм / Тијана Дапчевиќ
ФОТО: Инстаграм / Тијана Дапчевиќ
ФОТО: Инстаграм / Тијана Дапчевиќ
ФОТО: Инстаграм / Тијана Дапчевиќ
ФОТО: Инстаграм / Тијана Дапчевиќ
ФОТО: Инстаграм / Тијана Дапчевиќ
ФОТО: Инстаграм / Тијана Дапчевиќ
ФОТО: Инстаграм / Тијана Дапчевиќ