Гордиот дедо плаче од среќа: Први фотографии од внуката на Топалко- Хелена сподели емотивни фотографии од болница и го откри името на наследничката!
На ќерката и го дадоа името Доминика...

Ќерката на популарниот пејач Милан Топаловиќ Топалко, Хелена Топаловиќ, вчера беше примена во приватна болница откако и пукнал водењакот.

Набргу потоа Топаловиќ се породи и роди здраво девојче.

Прекрасната вест ја соопшти гордиот дедо Топалко кој се расплака од среќа, а потоа се огласи и новопечената мајка.

Хелена ја објави првата фотографија од нејзината наследничка и и посвети емотивна порака:

– Добре дојде, наше мило девојче! Конечно во нашите прегратки. Ние сме најсреќни на светот – напиша таа, а потоа го откри и името на наследничката.

За својата ќерка Хелена и нејзиниот сопруг го избрале името Доминика.

Името е од латинско потекло (лат. dominus – мајстор, господин) познато по Свети Доминик, основачот на доминиканскиот ред (13 век). Често се користи за деца родени во недела.

Убавата вест на социјалните мрежи ја соопшти пејачот Топалко кој објави фотографија и напиша Дедо.

– Дедо!!! – напиша Топалко на Инстаграм, а на фотографијата се гледа како пејачот плаче од среќа.

Инаку Хелена само неколку часа пред породувањето се сликала во болница и ги известила следбениците на социјалната мрежа Инстаграм дека и пукнал водењакот.





