Реклама
BEAUTYCelebrityMAMAИнтервју

„Горда ме прави задоволната насмевка на моето дете “

Реклама

 

Од мали нозе ја гледаме на телевизиските екрани, симпатична, ведра и секогаш позитивна, водителката Ивана Илиевска, сега веќе Мангаровска веќе долги години е дел од тимот на Алфа телевизија, беше дел од забавно културната емисија „Портик“, подоцна ја водеше емисијата „Алфа Ординација“, а сега ја гледаме секој работен ден во „Добар ден-секој ден“. За мајчинството, посветеноста кон работата како и за ритуалите за нега и убавина прочитајте од интервјуто…

Маркетинг

Најголема предност од професијата со која се занимавате? И мана?

Со оглед на тоа што пред камерите сум од мои четири години, имам чуство, но и така е, дека јас едноставно цел живот го работам ова. Најпрво како хоби и забава во детските години, за потоа новинарството да биде избор за моја професија. И сметам дека не сум погрешила. Речиси секоја професија си има свои позитивни и негативни страни, помалку или повеќе. Конкретно, во новинарство позитивните страни или предностите се овозможува како личност да ја имаш потребната слобода за изразување или пишување, задоволување на потребата за изразување на креативноста, како и учење за тоа што значи објективност наспроти личната перцепција на нештата, настаните или ситуацијата која се случува. Новинарството не дозволува импровизација, и мала деконцентрација се забележува веднаш и не е важно каков ден сте имале, во секојдневна емисија концентрацијата, расположението и професионалноста треба да се на потребното ниво.

Маркетинг

Вашата професија е јавна, па имате ли доволно време да се посветите на мајчинството?

Јавната професија си бара и време и подготовка, но затоа пак е динамична и временски флексибилна. Јас сум темпераментна личност по природа и таа динамика ми одговара. Откако станав мајка динамиката се зголеми, но и обврските и одговорностите исто така. Но,како што велат, човек се учи и се навикнува на се. Добрата организиција, поделбата на обврските во семејството и меѓусебната поддршка и разбирање се од голема помош.

Тешко ли беше да си ја вратите одличната физичка линија после породувањето?

За време на мојата бременост бројот на килограмите го покачив во нормала,колку што е потребно кога жената е бремена. Ако се земе предвид фактот дека секогаш сум била физички активна во однос на спортување и рекреација, не ми беше тешко да се вратам во форма. Продолжив со вежбање пилатес што е избор број еден за мене подолг период. Практикувањето физичка активност, конкретно пилатес, ме релаксира психичи, но ме одржува и во добра форма и кондиција.

Како го доби името вашето дете?

Мојот син се вика Олег. Пред породувањето кога размислувавме со мојот сопруг кое име ќе го одбереме имавме неколку омилени меѓу кои и Олег. Не донесовме одлука се до моментот на породувањето, но бидејќи се породив на празникот Голема Богородица, веднаш знаев дека тоа ќе биде Олег, што во превод значи благословен.

Што ве прави горда мајка?

Велат првите три години кај детето се најважни за внимание и посветување кон него како улога на родителите, конкретно на мајката. За сето ова време, горда ме прави, задоволната насмевка на моето дете и неговите многубројни постапки каде што е видлив резултатот од посветеноста и воспитувањето.

Како го негувате вашето лице? Дали можеби имате бјути рутина што ја повторувате секое утро?

Дневна и ноќна рутина ми е темелно чистење на моето лице, кое е изложено на секојдневна шминка. Еднаш месечно правам и класичен или друг тип на третман за чистење, нега и масажа на лицето.

Со какви препарати го негувате лицето?

Употребувам гел за чистење на лицето, тоник или мицеларна вода. Дневна и ноќна крема. Повремено и детокс маска за лице, па потоа масло за лице, најчесто арганово.

Кои се вашите омилени козметички производи?

Искрено, често менувам и не би можела да кажам кои ми се по омилени.Но, преферирам да биде органска козметика. Сметам дека посебно за нега на лице и кожа предноста треба да ја има природата, а не хемијата.

Што има секогаш во вашиот несесер?

Пудра, руменило, маскара, туш и сјај или кармин за уста. Толку.

Што ве прави среќна?

Секој слободен миг што можам да го искористам за себе и семејството ме прави среќна. Никогаш не сум помислувала дека како изминуваат годините, така се повеќе и повеќе ќе ми недостасува време, затоа се трудам секој миг да го искористам на вистински начин.

Сте размислувале ли некогаш  да ја смените професијата?

Досега не, таа е дел од мене, се надевам и во иднина ќе биде така.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button