Гордата мајка среќна за СВОЈОТ НАСЛЕДНИК – се славеше во домот на МАКЕДОНСКАТА ПЕЈАЧКА
Се славеше во домот на македонската пејачка, честитки пристигнаа од сите страни.
Андријана Јаневска уште од многу млада професионална започна да се занимава со пеење, а веќе зад себе има многу хитови.
Генерации пораснаа заедно со нејзините песни, а многу деца пораснаа учејќи за музиката и инструментите од неа.
Првата виолина во Македонската опера и балет, доцент на Факултетот по музичка уметност, професор Андријана Јаневска може да се пофали со богата музичка кариера, многу настапи и концерти и безвременски песни.
Освен што е максимално посветена на професијата, Андријана е грижлива мајка и сопруга.
Од 2009 година е во брак со Драган Гиновски – Гино, познат македонски гитарист. Двојката има два сина, Димитар и Кристијан. Сопственици се и на музичкото студио Гиновски.
Семејството живее во куќа во скопската населба Бардовци. Во многу наврати пејачката има изјавено дека дворот во нивната куќа не би го менувала за ниту една градска локација.
Таа на социјалните мрежи сподели и фотографии од дворот, а во опис напиша „Мојот рај“.
Мора да се признае дека дворот е мал рај во кој би сакал секој да ужива, а пејачката и нејзиното семејство се погрижиле да имаат доволно зеленило кое е спас Во секојдневното сивило.
Деновиве нејзиниот син Кристијан славеше роденден. Кристијан наполни 7 години, а забавата секако се одржа во кругот на семејството.
Гордата мајка на Инстаграм сподели колаж фотографии од нејзиниот наследник и јавно му го честиташе роденденот.
„Среќна 7ка, среќо моја”, стои во опис на фотографиите.
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска