„Горат“ Малдивите од овие две ПРЕКРАСНИ ДАМИ ОД МАКЕДОНИЈА – заедно уживаат како во рајот
Познатата русокоса го покажа своето беспрекорно тело во тренди модел на костим за капење
![](/wp-content/uploads/2023/05/mia12-780x470.jpg)
Една од нашите најпознати дами на социјалните мрежи, Миа Костова, одлучи да си ги наполни батериите и замина на одмор.
Убавата русокоса замина заедно со својата блиска пријателка Тијана Скулиќ и веќе неколку денови престојува на Малдивите.
Миа на социјалните мрежи објави неколку снимки и фотографии со кои покажа како ужива на тропскиот остров.
![](/wp-content/uploads/2023/05/mia14.jpg)
![](/wp-content/uploads/2023/05/mia15.jpg)
Секако дека најмногу внимание привлече со објавите на кои е во костими за капење, па ги воодушеви сите со својот изглед.
![](/wp-content/uploads/2023/05/mia13.jpg)
Таа носеше едноделен црн модел, но и дводелен, а многумина и порачаа дека никогаш не изгледала поубаво дека е како „оган во водата“.
![](/wp-content/uploads/2023/05/mia4.jpg)
![](/wp-content/uploads/2023/05/mia6.jpg)
Миа доби дузина комплименти на сметка на својот изглед од фановите на Инстаграм, а посебно ги воодушеви сите со снимката на која се гледа како ужива додека се бања во тиркизната вода.
![](/wp-content/uploads/2023/05/mia4.jpg)
Таа позираше и во мокра, проѕирна кошула, па коментарите на сметка на ова смело издание на Миа не изостанаа и овој пат.
![](/wp-content/uploads/2023/05/mia8.jpg)
Погледнете ги и останатите фотографии од ова патување на Миа на која таа заедно со својата пријателка ужива како во рајот.
Фото: Инстаграм/ Миа Костова
Фото: Инстаграм/ Миа Костова
Фото: Инстаграм/ Миа Костова
Фото: Инстаграм/ Тијана Скулиќ
Фото: Инстаграм/ Миа Костова
Фото: Инстаграм/ Миа Костова