Горан Алачки не ја крие својата љубов кон Марина – нивната заедничка фотографија е најубавото нешто што ќе го видите денес
Познатиот хармоникаш ужива со својата партнерка…
Познатиот македонски хармоникаш Горан Алачки објави една фотографија со својата партнерка, поранешната водителка Марина Дојчиновска, со која ги воодушеви нивните пријатели и бројни фанови на социјалните мрежи.
Имено познатата водителка на емисијата „Македониум“ пред неколку години ја промени професијата и започна нов бизнис.
Таа во 2012 година ја основа својата компанија Хунза Веда со цел да донесе масло од Хималаите во Македонија.
Марина и Горан оваа година прославија седум години како се заедно, а како што самата Марина во една пригода изјави, најмногу ги поврзува и тоа што се иста генерација.
Имено, тие и двајцата се родени 1965 година, па носат и генерациски сличности во нивните размислувања и погледот кон светот.
„Добро е кога на наши години ќе се сретнат двајца луѓе кои точно знаат што сакаат, реализирани во сите важни животни сфери, со расчистени сметки и платени фактури кон минатото“, изјави Марина во една пригода.
Поранешната водителка јавноста најмногу ја помни по емисијата Македониум, кога таа контактираше со претставниците на племето Хуни, кои се сметаат за наследници на Александар Македонски.
Таа денес е успешна директорка на Хунза Веда Клуб, увозник на маслото Хунза за Македонија, додека нејзиниот партнер се уше важи за еден од најпознатите хармоникаши и композитори во Македонија. Тој покрај тоа што ужива во своето Владимирово, се уште настапува со големи музики имиња и се преставува низ светот, а оваа фотографија е направена токму на еден таков настан, Имено, тој задно со Марина беше на средбата на хармоникашите од Балканот што се одржа во Хрватска, каде се фотографираа покрај мурал посветен на легендарниот хрватски музичар Оливер Драгојевиќ, на кој пишува:
„Засекогаш си ти во моите мисли и вгради“, стои на ѕидот покрај кој Горан и Марина се сликани прегрнати.
Погледнете ги и останатите нивни заеднички фотографии…
Фото: Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Фото: Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Фото: Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Фото: Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Фото: Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Фото: Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Фото: Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Фото: Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Фото: Фејсбук/ Горан Алачки
Фото: Фејсбук/ Горан Алачки
Фото: Фејсбук/ Горан Алачки
Фото: Фејсбук/ Горан Алачки
Фото: Фејсбук/ Горан Алачки
Фото: Фејсбук/ Горан Алачки