Реклама
Холивуд

Голите нозе и деколтето на оваа убавица беа во центарот на вниманието, а Викторија Бекам прогласена за модна икона

Реклама

На доделувањето на популарните награди „E! People’s Choice Awards“ во Санта Моника кои ги прославуваат филмовите, телевизијата, музиката и поп културата, Викторија Бекам ја доби наградата за модна икона.

Погледнете како изгледаа и другите дами:

Маркетинг

Мила Кунис

Познатата актерка носеше едноставен црн „Alex Perry“ фустан со средна должина и повторно ги демонстрираше предностите на едноставното правило помалку е повеќе.

Маркетинг

Викторија Бекам

Победничката во категоријата стилска икона се појави во феноменален бел костум и нежна свилена блуза

Скарлет Јохансон

Познатата актерка Скарлет Јохансон носеше црни панталони со длабок струк, во комбинација со црвен корсет и впечатлив ремен кој дефинитивно оваа комбинација ја направи поелегантна и повпечатлива.

Ерин Лим

Ерин дефинитивно беше најгламурозната дама на настанот, а се појави во преубав црн фустан украсен со пердуви

Кет Греам

Познатата актерка, модел и пејачка Кет Греам се пофали со своите занесни облини во феноменален смарагднозелен фустан со длабок шлиц и големо деколте. Но воопшто не изгледаше вулгарно, туку секси и елегантно!

Поврзано

Back to top button