Голем шoк за семејството на Амди, но и за цела Македонија – овие ФОТОГРАФИИ ќе останат последниот спомен на него!
Животот на Амди Бајрам згасна и тоа само неколку дена откако ја направи свадбата на својата внука.
Контроверзниот македонски политичар и активист за правата на Ромите, Амди Бајрам, ненадејно го изгуби животот.
Како што објавија македонските медиуми, од Сојузот на Ромите на Македонија потврдиле дека животот на Бајрам згаснал во клиниката „Жан Митрев поради проблеми со срцето од што и беше болен веќе подолго време.
Тој беше еден од најистакнатите политичари во Македонија од ромска националност.
Амди Бајрам во македонската политика беше активен цели 26 години откако во 1994 година стана пратеник како член на Партија за целосна еманципација на Ромите. Тој откако наполни 64 години се збогуваше од парламентот, но остана на чело на Сојузот на Ромите која што ја основаше во 1996.
Инаку Амди деновиве беше во центарот на вниманието заради свадбата на неговата внука, Перјан Бајрам.
Семејството повеќе од цела година се подготвувале за свадбата, но заради епидемијата со корона вирусот не можеле да ја направат.
Внуката на Амди Бајрам, Перјан, која е ќерка на неговиот син Габриел и го носи името на неговата сопруга, се сврши во септември 2019, кога беше направена раскошна веридба, а пред само една недела, направија и свадба. На свадбата беше и нејзиниот дедо, кој беше горд и весел за време на церемонијата, што може да се види и од фотографиите од свадбата на социјалниѕте мрежи.
Како што самиот изјави за Фокус, од Македонија имало преку 300 гости и околу 200 гости од Турција. Присуствувале и турски политичари од партијата на Ердоган, атмосферата била прекрасна, а целиот настан го организирале за многу кратко време, со помош на пријателите на Ердоган.
„Кога ќе се вратиме назад, ќе споделиме фотографии и снимки од овој убав настан“, изјави Бајрам за Фокус.
Но за жал, Амди не можеше долго време да се радува на тоа што ја омажи својата внука. Само неколку дена по свадбата неговиот живот згасна. Тој самиот неодамна изјави дека изминатиов период за него бил многу тежок со оглед на тоа дека му беше извршена ампутација на едната нога.
„Имав ампутација на едната нога, ама ќе ставам протеза. Во политиката мислам дека ќе се вратам. Сега ми треба малку време да закрепнам, но ќе се вратам. “ – кратко изјави за „Скопје1.мк“ Амди во април оваа година.
Редакцијата на Гламур изразува сочувство до семејството.
Кој беше Амди Бајрам?
Амди Бајрам е роден во Скопје на 30 август 1956 година и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“.
Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник.
Во 1996 ја основал СРМ и бил назначен за нејзин претседател. Во периодот 1994–1998 беше во коалиција со владејачкиот СДСМ, а за парламентарните избори во 1998 типуваше победа на премиерот Бранко Црвенковски со 102%.
Во периодот 1998–2002 ја поддржуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски. При гласањето доверба на владата на Георгиевски по барање на лидерот на опозицијата Црвенковски во декември 2000, владата опстоила поради гласот на Бајрам, по што тој изјавил дека им дал „гол со пета“ на СДСМ и дека неговата партија „секогаш е со власта“.
Бајрам во 2004 беше обвинет за кражба на платно од штипската фабрика „Македонка“ вредно 750 илјади евра. Тој првично беше осуден на 7-годишна казна затвор, која потоа му беше намалена на 4 години. На локалните избори во 2005, додека пресудата уште не беше правосилна, се кандидираше за градоначалник на Шуто Оризари. Иако победи, беше градоначалник нецел месец бидејќи беше однесен на издржување затворска казна во затворот во Штип. Во 2007 казната му беше намалена за шест месеци од претседателот Црвенковски, а во 2008 излезе од затвор.
По напуштање на затворот повторно влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски. Додека партиципираше во коалицијата на Груевски, Бајрам вербално се конфронтираше со повеќемина пратеници на СДСМ, велејќи дека е „бренд како Кока-Кола“ во споредба со нив. За време на протестите организирани од СДСМ пред Собранието на 24 декемри 2012, Бајрам им покажа среден прст на насобраните симпатизери на опозицијата.
Амди беше татко на политичарот Елвис Бајрам, градоначалникот на Општина Шуто Оризари во периодот 2009–2017.
Бајрам ја прекин коалиција со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата замина во опозиција по парламентарните избори во 2016 и изрази желба да премине во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на премиерот Зоран Заев.