Голем скандал – позната пејачка ја обвини Карлеуша дека СПИЕЛА СО НЕЈЗИНОТО МОМЧЕ, гори Инстаграм
„Мама Јецо, спиеше со моето момче“
Пејачката Едита Арадиновиќ на својот Инстаграм изнесе шокантни обвинувања на сметка на својата колешка Јелена Карлеуша.
„Не, бре, Јецо.. Ги измеша работите, џукелско однесување е тоа што ми спиеше со момчето бидејќи твојот албум не е my cup of tea“, започна Едита, па потоа, без влакна на јазикот, го додаде и следново.
„А за него и да не зборувам. тоа е џукелско однесување, мамо Јецо, но се уште те трпам затоа што не си ти виновна што си таква… И си одговарате еден за друг, жими мајка. Но реално, малку сум виновна и јас“, напиша пејачката во својата објава во која што ја споменува познатата колешка.
Маркетинг
Принтскрин/ Инстаграм
„Карли моментално е најјака фаца на Балканот… Освен што спиеше со мојот поранешен (фала му на бога), сега има и дружба со фановите, ја има и државата зад себе, има сé нешто Карли.“
Принтскрин/ Инстаграм
„Штета што сум во Виена и не можам да се дружам со својот идол од детството“, напиша Едита на Инстаграм.
Таа пота го додаде и следново:
„И мојот поранешен сакаше зелена боја, нема му е лесна земјата. Е, Карли, дали важи онаа понуда за дует што го снимивме при крај на годината кога ме викна и продуцираше во студиото. Се сеќаваш? Па ако важи се уште понудата за дует, радо би го снимила, мислам дека би направиле лудило на естрадата. Замисли ја таа експанзија. Туку проблемот е што си повисока од мене, мораме некако да снимиме спот, да не се види разликата од 30 сантиметри во височина, но кога можеше да бидеш со моето момче кој е со моја висина, нема и ова да ти биде проблем“, ги изнесе Едита своите шокантни обвинувања.
Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, Едита се најде на црната листа на Јелена Карлеуша откако изјави дека не и се допаѓаат нејзините нови албуми.
Принтскрин/ Инстаграм
Карлеуша тогаш истакна дека е „разочарана“, а нешто подоцна во јавноста исплива и нивната приватна преписка.
Принтскрин/ Инстаграм
Но очигледно тоа не беше крајот на нивното препукување, па сигурни сме дека ЈК брзо ќе се огласи и за овие обвинувања.