Голем скандал на Света Гора – пијан 35-годишен монах претепал друг монах (52) кој завршил во болница
Повредениот монах се лечи од повредите што му биле нанесени на лицето
Голем скандал се случил на Света Гора кога романски монах (35) наводно нападнал 52-годишен монах од Белорусија.
Тие двајцата се скарале откако испиле алкохол, а романскиот монах веднаш бил упатен на Автоматскиот троен суд.
Како што пренесуваат медиумите, инцидентот се случил во неделата во 18.30 часот, во Светиот манастир Хиландар на Света Гора.
Според списите во предметот, 35-годишниот монах го удрил 52-годишнит со нозете и рацете, како и со пластични предмети (шише)
Фото: Принтскрин
Повредениот монах најпрво бил одвезен во Домот на здравјето во Карион, каде му била пружена лекарска помош.
Тој потоа е префрлен во болницата Полигирос, каде се уште се личи од повредите што му биле нанесени на лицето.
Оштетениот изјави дека не сака кривично да го гони својот помлад „колега“, и не брал да биде прегледан од доктор.
Фото: Принтскрин
Историја на Хиландарски манастир
Хиландар или Хиландарски манастир е српски православен манастир кој се наоѓа на Света Гора во Егејска Македонија.
Манастирот е основан е во 1198 година од страна на Свети Сава и неговиот татко, големиот жупан Стефан Немања (со монашко име Симеон). Тој денес се наоѓа на четврто место во хиерархијата на светогорските манастири и е вклучен на списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.
Фото: Принтскрин
По падот на македонските, бугарските и српски територии под турско ропство голем број на христијани од овие области се замонашиле како монаси во Хиландарскиот манастир. Во XVIII век, манастирот великодушно ги дарува трговците како Хаџи Валчо и др.
Во 2004 година се случува инцидент со електрична грејна печка во стариот дел на манастирот. Избувнува силен пожар, кој значително го оштетил северозападното станбено крило, така што се уште се обновуваат некои делови од манастирот кои беа зафатени од силниот пожар.
Извор: Блиц.рс, ЕРТ, Гламур