„Голем е срамот на оние кои одат во црква, а потоа шират омраза кон другите. Подобро е да не одат во црква и да живеат како атеисти“
Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск, го критикуваше лицемерното однесување на верниците, порачувајќи им на оние кои не сакаат вистински да живеат со верата дека е подобро да живеат како атеисти.
„Колку често го гледаме срамот на овие луѓе кои одат во црква и таму се секој ден, а потоа го живеат својот живот во омраза кон другите и ги озборуваат другите луѓе”, рече поглаварот на католичката црква за време на општа аудиенција во Ватикан. „Тогаш подобро е да не одите во црква. Живејте како атеист”, им порача тој на овие верници.
За време на аудицијата на аргентинскиот папа, поглаварот на 1,3 милијарди католици ја покажа својата способност да се поврзе со обичните луѓе. Тој прими членови од кубанскиот национален циркус и се смееше со уметниците и го вртеше фудбалот на врвот од својот прст.