Реклама
Вирално

Големо БРАВО за Миа Костова – за само два дена собрани 450.000 денари за лекување за младиот Леонид

Во тек е голема хуманитарна акција...

Реклама

Познатата инфлуенсерка собира пари за болното момче

Миа Костова преку своите профили на социјалните мрежи и заедно со своите фанови и фирми со кои што соработува успеа да собере преку 450.000 денари за само два дена.

Овие пари Миа ги собира за лекување на младиот Леонид Индов, 18 годишното момче кое по трагичен несреќен случај стана квадриплегичар и сега се соочува со најтешката битка во својот живот.

Маркетинг

Леонид во јули 2023 година доживеа тешка незгода при скок во вода за време на летувањето во Грција што остави сериозни последици по неговото здравје. Тој не е во можност самостојно да дише туку тоа го прави со помош на механичка вентилација, а востановена му е дијагноза квадриплегија (Quadriplegia) со потполна парализа на нозете и рацете. За неговото понатамошно лекување се препорачува клиника во Австрија која има програм прилагоден за неговите потреби.

Маркетинг

Но за ова лекување потребни се финансиски средства, па семејството на Леонид се обраќа до сите хумани луѓе што можат да помогнат во собирањето на донации како тој би можел повторно да оздрави и да му се врати на животот што го имаше пред несреќата.

Фејсбук/ Миа Костова

Во хуманитарната акција се вклучи и Миа Костова, која за само два дена успеа да собере 450.000 денари.

Фејсбук/ Миа Костова

Таа пред два дена на социјалните мрежи објави дека започнува хуманитарна акција за Леонид преку Инстаграм.

„Ве молам изгледајте ми ги последните сториња и помогнете ми да собереме што е можно повеќе пари!“ напиша тогаш таа, а следниот ден објави.

Фејсбук/ Миа Костова

„За 5 часа околу 250 донации! Уште немаме увид во продажба но, не можам да ви објаснам колку сум горда на овие хумани луѓе, мали бизниси, разни услуги и нивната несебичност! Прекрасни сте, далеку сме од вкупната потребна сума, ама и ова што ќе се собере за 2 дена, немаше да се собере никако поинаку ❤️ImageФала ви и на трпението , одвај успевам да отворам сѐ, блокирана сум за тагови, ќе ве споделувам цел ден. Сѐ она што поминува како понуда барајте го во хајлајтс на профил под име ‘Леонид’ Ви се поклонувам на сите до еден!“ напиша тогаш Миа, за да пред само неколку часа повторно се огласи и го сподели следниот коментар со своите фанови.

Фејсбук/ Миа Костова

„Вчера и денес сме собрале околу 450.000 денари! Чисто да знаете каква сила сте! Ви благодарам по милионити пат на сите што дониравте и купувавте! Најголемата онлајн продавница за донации ќе е отворена до недела. Имате време да најдете нешто за себе и да донирате за Леонид! Барајте ги понудите во хајлајтс со наслов Леонид, пишува во објавата на познатата инфлуенсерка на Фејсбук и Инстаграм.

Фејсбук/ Миа Костова

Потсетуваме, сите што сакаат да помогнат и да донираат како младиот Леонид повторно би се вратил во школските клупи тоа можат да го направат преку телефонските броеви што се дадени во продолжение или преку хајлајтот на Миа каде можете да си купите нешто, а парите ќе бидат упатени за помош на ова младо момче.

Кликни тука и „скокни“ на Инстаграм профилот на Миа >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button