Реклама
Вирално

Големо БРАВО за „Аџибадем Систина“ – и тие се вклучуваат во борбата со коронавирусот

Реклама

Според последните информации во Македонија во моментов има 18 заразени, а вчера се откриени 6 нови случаи.

Во борбата со епидемијата треба да бидеме вклучени сите, пред се слушајќи ги советите и упатствата на докторите и одговорните институции. Но во ваквите тешки моменти постојат и некои проблесоци кои за момент ќе не расположат, а посебно не радува пожртвуваноста на нашите доктори и медицински лица кои херојски даваат сé од себе како би се справиле со тешката ситуација која е пред нив.

Маркетинг

Една таква вест која посебно не израдува е соопштението со кое клиничката болница „Аџибадем Систина“ се обрати до граѓаните на Македонија.

Почитувани,

Маркетинг

Во ситуација на алертна состојба со вирусот Ковид-19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1.000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на Република Северна Македонија, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство.

На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни.

Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид-19. Грижете се за своето и за здравјето на луѓето околу вас.

Нашата грижа за вашето здравје продолжува, пишува во соопштението на Клиничката болница.

Искуства од Италија

Докторите од Италија успеаја да го излечат првиот пациент заразен со вирусот корона во оваа земја. Еден од нив, Францеско Мојоли, за весникот „Corriere della Sera“ откри како го направиле тоа.

Вирусот корона сериозно може да влијае и на најмладите. Младите имаат повеќе оружја за борба против вирусот – третман за оживување кој вклучува шок-терапии со коктели од антивирусни лекови, антибиотици и експериментално, оние кои се користат за лечење на ХИВ, кои полесно ги поднесуваат оние што не се физички слаби, изјави Францеско Мојоли, а пренесе хрватскиот весник „Вечерње новости“.

За лечењето да биде успешно мора да постојат три фактори – терапија со која се одржува виталноста (хидратација, вештачко хранење и сл), третман со коктели со експериментални лекови и отсутност на дополнителни проблеми, објасни овој доктор. Тој додаде и дека значајно зголемување на шансите за оздравување има и доколку пациентот нема и други паталогии, а тоа значи, освен градите и другите органи да функционираат добро. Кај младите луѓе лечењето е посложено ако постојат и компликации во лечењето на другите органи како срцето, црниот џигер и бубрег, додаде Мојоли.

Критично, но стабилна состојба е добар знак. Мажот е во болница веќе три недели па лекарите успеаја да го сфатат текот на болеста – состојбата брзо се влошува, потоа следува долга фаза на стабилизација и конечно подобрување.

Пациентот сега е во единицата за полуинтензивна нега во Сан Матео и се наоѓа во фаза која лекарите ја нарекуваат „одвикнување “, во која шок терапиите постепено се запираат, самиот дише и е во полусвесна состојба.

Мојоли за споменатиот весник додаде и дека тој станал симбол на фактот дека вирусот може да се лечи дури и кога пациентот е во многу лоша состојба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button