Вести

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА – почина познатата пејачка на 42 годишна возраст

Advertisement

Поп ѕвездата Дани Ли почина на 42-годишна возраст по компликации од липосукција. Зад себе ги оставила сопругот и седумгодишната ќерка.

Пејачката – чие полно име е Даниела Фонсека Мачадо – беше оперирана во петокот. Таа отиде на липосукција на стомакот и грбот, како и на намалување на градите. За време на процедурата во Пинхаис, Бразил, таа претрпе компликации и мораше итно да биде пренесена во болница во Куритиба.

Advertisement

– Нејзиното тело утре ќе пристигне во Макапа. Многу сме потресени од сето ова. Погребот ќе биде во сабота – изјави нејзиниот сопруг Марсело Мира.

Таа стана широко позната во Бразил по нејзината хит песна „Eu sou da Amazonia“ (Јас сум од Амазонија). Родена е во Афуа во џунглата на Амазон и почнала да пее кога имала пет години. По учеството на шоу за таленти во нејзиниот роден град, таа се преселила во Макапа кога имала 17 години.

Таму го основала жанрот брега на бразилската поп музика – и бендот „Banda Sensacao“. Во 2008 година го запознала поетот Осмар Јуниор, кој станал нејзин продуцент и ѝ го подарил хитот што ја донел до слава.

Нејзината последна песна беше објавена пред само два месеци. Се уште не е утврдена точната причина за компликациите. Според некои извештаи, таа платила 4.000 фунти за операцијата. Истрагата е во тек.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button