Реклама
Вирално

Голема трагедија – од вирусот короната го изгуби животот еден од НАЈПОЗНАТИТЕ луѓе на балканската естрада

Реклама

Не успеа да ја победи болеста

Од последици од корона вирусот денес во попладневните часови по повеќедневна борба го изгуби животот познатиот естраден менаџер Бор Лалевиќ (39).

Маркетинг

Неколку недели докторите од Инфективната клиника во Белград давале сé од себе за да ја стабилизираат неговата здравствена состојба, но Бор не успеа да ја победи болеста.

Инаку Бор беше познат како поранешен менаџер на пејачите Аца Пејовиќ и Милица Тодоровиќ, но и како директор на „Камарад“, продукцијата која организираше голем број концерти во регионот.

Маркетинг

Последните месеци беше менаџер на бендот „Лексингтон“ со кои направи голем број настапи, како и концерти во белградската арена.

Како што кажуваат оние што го познаваат, Бор бил човек со големо срце и нема некој што не го почитувал.

Од него на социјалните мрежи веќе се збогуваа познатите Џала Брат и Буба Корели.

„Мирно спиј брате наш добар, те сакаат твоите браќа“, се зборовите со кои Џала и Буба се збогуваа од него.

Инаку, Бор не е единственото познато лице што настрада од опакиот вирус кој се прошири низ целата планета.

Кај нас еден од најпознатите лица од естрадата што ја изгуби битката со тешката болест беше Драган Вучиќ.

Тој го изгуби животот за време на карантинските мерки што беа во државата, откако цела недела поминал на Инфективната клиника во тешка состојба, а потоа бил поставен и на респиратор.

Вучиќ подолго време бил дијабетичар, а неговото прерано заминување беше шок како за семејството, така и за неговите колеги и пријатели.

Најмладата жртва на Ковид-19 во Македонија

Денес животот го изгуби дваесет и четири годишна пациентка од Тетово која е најмладата досега што ја изгубила битката од КОВИД 19 во нашата земја. Како што откри телевизија Телма, таа немала регистрирано хронични болести, но од министерството за здравство на Македонија јавуваат дека во следните денови ќе се разговара со семејството на девојката за да се види дали имала претходно некакви здравствени проблеми или не.

На Инфективна Клиника во Скопје била донесена на 28 јуни, а претходно се лекувала два дена во Тетовската болница, каде дошла по една недела домашно лекување од КОВИД 19. Откако ги добила првите симптоми матичниот лекар и дал соодветна терапија, но ситуацијата не се подобрила и таа била хоспитализирана во Тетово. Брзо и се влошила ситуацијата и отежнато дишела, потоа била префрлена на скопска Инфективна. Тука имала извесно подобрување, но состојбата во последните денови се влошила бидејќи се појавиле кардиолошки проблеми и во нејзиното лекување, освен инфектолозите биле вклучени и кардиолози. Не била на респиратор, затоа што нејзината сатурација била на задоволително ниво. Проблемите со срцето настанале паралелно со корона вирусот, по што и го изгубила животот, објавија македонските медиуми.

Инаку, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 нови пациенти со што вкупната бројка на хоспитализирани на оваа клиника во ов0ј момент е 87 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 4 деца со мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 111 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Или, во Скопје се хоспитализирани 211 пациенти, а во другите градови вкупно 200 пациенти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button