Реклама
Вирално

Голема трагедија – млада стјуардеса (24) од Албанија почина веднаш по слетувањето на авионот, ова е нејзината последна објава

Реклама

Кога се случил инцидентот стјуардесата се наоѓала пред вратата на авионот на лондонскиот аеродром Станстед.

Фото: Инстаграм/ Грета Дермиши

Стјуардесата Грета Дермиши (24) со потекло од Албанија, неочекувано почина од синдромот ненадејна смрт кај возрасните откако авионот слетал на лондонскиот аеродром Станстед, пишува во истрагата.

Грета била дел од екипажот што работеле за компанијата „Ер Албанија“, која на 21 декември патувала од Тирана во Албанија до британскиот Есекс, односно до Лондон, кога наеднаш се онесвестила и починала на лице место.

Маркетинг

На младата девојка веднаш и било пружена помош и се обиделе да ја оживеат, но за жал – за неа немало спас.

Фото: Инстаграм/ Грета Дермиши

Синдромот ненадејна смрт кај возрасни лица е ненадеен и причината за неочекуваната смрт од срцев удар не може да се пронајде.

Фото: Инстаграм/ Грета Дермиши

Мишел Браун, овластениот судски вештак од Есекс, изјави дека за смртта на Грета ќе биде направена комплетна истрага.

Маркетинг

„Оваа 24-годишна жена беше дел од екипажот на летот од Албанија и беше на пистата кога се онесвестила и кога и беше пружена основната прва помош. Десет минути подоцна таа немаше пулс и направена и е реанимација. Болничарите ја згрижија и потврдија дека е почината. Обдукцијата утврди дека причина за нејзината смрт е синдромот на ненадејна смрт кај возрасни луѓе. Во време на инцидентот беше пред вратата на авионот во аеродромот Станстед. Ова е прикладно за документарна истрага во догледно време“, изјави судскиот вештак за медиумите“, пренесува „Дејли мејл“.

Фото: Инстаграм/ Грета Дермиши

За смртта на младата девојка со соопштение се огласија и од „Ер Албанија“. Во него се вели дека н Грета откако и била пружена помош на лице место е однесена во болницата во Лондон да се повторат постапките. Тие веднаш го контактирале семејството, и заради почит кон Грета и нејзините најблиски решиле да ја споделат веста со јавноста.

„Грета секогаш ќе ја памтиме како вистински професионален, одлична соработничка и голема пријателка“.

„Нека и се смилува Господ и нека му подари мир на семејството. ‘Ер Албанија’ и понатаму ќе биде со нејзиното семејството“.

Фото: Инстаграм/ Грета Дермиши

Британскиот „Дејли мејл“ ги сподели и последните објави на Грета на нејзиниот профил на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Грета Дермиши

Неделите пред да почине, таа објавувала делови од својот живот како стјуардеса, посетувајќи ја Италија и Турција.

Фото: Инстаграм/ Грета Дермиши

Една од нив ги прикажува ноќните светилки на градот снимени од воздух, некаде во јуни минатата година, со порака:

„Еве зошто ја сакам мојата работа“.

Фото: Инстаграм/ Грета Дермиши

Фото: Инстаграм/ Грета Дермиши

Фото: Инстаграм/ Грета Дермиши

Фото: Инстаграм/ Грета Дермиши

Фото: Инстаграм/ Грета Дермиши

 

Поврзано

Back to top button