Реклама
Наши ѕвезди

Ќе ви се насолзат очите од последната објава на Драган Вучиќ на Инстаграм, пред да го изгуби животот од коронавирусот

Реклама

Утрово на Клиниката за инфективни болести во Скопје од овој свет си замина познатиот музичар и водител, Драган Вучиќ.

Вучиќ, како што велат  негови блиски пријатели, бил позитивен на вирусот корона, а веќе подолго време е дијабетирач. Тој деновиве бил xocпитализиран во тeшкa cocтојба и пocтавен нa pecпиратор откако пред една недела тестовите покажале дека е пoзитивeн на коpoнавирус.

Маркетинг

Неговиот син Мартин за ММС изјави дека семејството е во шок, посебно што само еден ден претходно се јавиле на мајка му од нфективната клинија, и и’ кажале дека состојбата му се подобрила и дека се’ е во ред.

Вучуќ во одделението на Инфективната клиника бил цела недела, со висока температура и покачен шеќер. „Женски магазин“ објави дека од блиски извори до семејството дознале дека и неговата сопруга Весна е позитивна на виpуcoт, но за сега таа нема никакви симптоми.

Маркетинг

Не можеме да го испратиме како треба

Неговиот син, Мартин Вучиќ, низ солзи за порталот „ММС“ ги потврди тажните вести со зборовите „Не можеме ни да го испратиме како треба“.

Последното што Вучиќ го објави на својот Инстаграм профил е слика каде во двор шета желка и во својшеговит стил прокоментира: „Ај нека ми забрани некој да си го шетам миленичето. Работава е снајди се“.

Минатата година Драган Вучиќ прослави 37 години бpaк со coпругата Весна, со која беа зaeдно повеќе од 40 години. Таа е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасоски. Неговиот син Мартин, пак, е пејач и директор на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“.

Вучиќ е роден во 1955 година, а во животот работеше како композитор, пејач и водител. Автор е на многу хитови меѓу кои „Свирете ја зајди зајди“ на Олгица Христовска. Познат е и по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вуќиќ“ и други.

Последен негов проект е „Гурмански муабети“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на Балканот со познати ликови.

Во оваа емисија Драган и гостите разговараат за храната, начинот на исхрана, здравиот живот….

За потребите на емисијата, Вучиќ често патуваше. Негов прв гост му беше една од најголемите ѕвезди во регионот Здравко Чолиќ. Познатиот пејач во неговата емисија зборуваше отворено за својот приватен живот, за начинот на исхрана, како се храни, дали готви и за многу други работи кои се малку познати на јавноста. Драган како „водител – мајстор“ успеа да ги извлече и овие информации од балканската ѕвезда, па емисијата беше една од најгледаните на македонските телевизии. Во емисијата, Чолиќ не влезе во кујната да готви, но влезе Вучиќ за да провери како течат подготовките и готвењето на специјалитетите.

 

Со Весна заедно поминаа 40 години

Драган Вучиќ и неговата сопруга, радио водителката Весна поминаа 40 години заедно, а 37 години беа во среќен и складен брак. Сопругата на Вучиќ, на годишнината од бракот, на почетокот од март сподели фотографија од некогаш и сега на својот „Фејсбук“ , а во описот напиша:

„37 години заедно, 40 години во брак…некогаш и сега“ напиша познатата радио водителката.

Драган и Весна го имаат синот Мартин Вучиќ кој во јуни претходната година се ожени со партнерката Сања. Мартин, кој во 2008 година се повлече од поп-естрадата е еден од најуспешните наши музичари на ударни инструменти. На јавна сцена, тој може да се види на концертите на Македонската филхармонија каде што работи.

Пред седум години, тој одржа успешен концерт во Универзалната сала наречен „Песни за душа“, каде што изведе повеќе традиционални македонски песни. Дел од нив, тој му ги посвети на својот дедо од страна на мајка му, легендарниот музичар на народни инструменти, Пеце Атанасовски.

Мартин никогаш не зборувал за својот приватен живот.

Во 2005 година, ја претставуваше Македонија на Евросонг со песната „Make My Day“ во Киев, Украина, и успеа да обезбеди влез во финалето. Додека беше активен на поп-сцената, тој добиваше многу фестивалски награди во Македонија и во регионот. Најпознат негов хит е „Рано е да се врзам“, а една од најдрагите и најубави песни на Мартин е баладата „Муза“, која за него ја напиша Тоше Проески.

Сочувство до семејството Вучиќ од редакцијата на Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button