Реклама
Вирално

Голема трагедија го потресе регионот – се удавија две момчиња (16), таткото бара да го види синот!

Потресна глетка на Ада Циганлија, на местото на несреќата пристигна таткото на едно од удавените момчиња

Реклама

Безживотните тела на две шеснаесет годишни момчиња беа извадени од езерото на Ада Циганлија, пренесуваат српските медиуми.

Како што пишува српскиот „Блиц“, вчера околу 17.30 часот било пријавено дека група матуранти влегла во езерото на Ада Циганлија, а две лица не испливале, по што останатите веднаш побарале помош.

На лице место веднаш дошла полицијата, како и Нуркачката служба на српската жандармерија и почнале со потрагата по исчезнатите момчиња.

Маркетинг

Потрагата за жал заврши трагично, а на лице место пристигна и таткото на едно од момчињата кој бараше да го види синот.

Како што пренесуваат медиумите, на таткото не му било дозволено да го види детето, по што тој само се срушил на земјата од преголемата болка.

Маркетинг

На местото на несреќата пристигнале и другарките на настраданите момчиња кои цело време стоеле немо и плачеле на местото каде што се случила трагедијата.

Наводно момчињата биле на прослава на роденден, а потоа одлучите да влезат во водата по што се случила несреќата.

Министерството за внатрешни работи на Република Србија уште еднаш апелира на децата и родителите да не влегуваат во езерото бидејќи на тој начин ги ризикуваат своите животи.

Напоменуваат дека на Ада Циганлија се уште не е отворена сезоната за бањање и дека на ова место се уште нема спасувачки екипи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button