Вести

ГОЛЕМА ТАГА – Почина познатиот актер

Advertisement

Јужнокорејскиот актер Ли Сун-кјун, познат по улогата во „Паразит“, филмот што доби „Оскар“ од 2020 година, беше пронајден мртов, објави денеска јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Актерот (48) бил пронајден во возило во центарот на главниот град Сеул, објави „Јонхап“, повикувајќи се на информации од полицијата.

Advertisement

Актерот, кој беше оженет со актерката Јеон Хие-џин и имаше два мали сина со неа, имаше кариера долга повеќе од две децении.

Полицијата соопшти дека го барала Ли (48) откога добила пријава дека е исчезнат, без дополнителни информации дали се работи за самоубситво, како што јавуваат меидумите во земјата.

Advertisement

Во „Паразит“, Ли го играше патријархот на богатото семејство Парк, а делото кое е немилосрдна социјална сатира освои четири Оскари, меѓу кои и за најдобар филм. Новинската агенција Јонхап објави дека тој бил осомничен оти земал дрога, како марихуана и кетамин, со хостеса во бар во Сеул.

Тој рече дека иако го земал тоа што таа му го дала, не знаел дека тоа се недозволени дроги. Хостесата, наводно, ѝ кажала на полицијата дека користел дрога во нејзиниот дом повеќе пати, но тој го негираше. Тој претходно преку својот адвокат побарал да направи тест за детектор на лаги. Неговите тестови за дрога дале негативни или неубедливи резултати.

Полицијата соопшти дека жали што Ли починал во екот на истрагите, но дека истрагата била „спроведена со [неговата] согласност“. Ли бил подложен на три рунди испрашување, при што една сесија минатата сабота траела 19 часа, според Јонхап. Веста за неговата смрт предизвика бурни реакции на Интернет.

Со филмот „Паразит“, во режија на Бонг Џун Хо, Ли стекна светска слава играјќи ја улогата на татко на богато семејство, кој се зближува со сиромашното семејство, кое го вработува.

Тој глумеше во неколку играни филмови во режија на Хонг Санг-Су.

Неговиот последен филм, Sleep, во кој играше месечар што ја тероризира својата сопруга, беше прикажан надвор од конкуренција на Канскиот филмски фестивал во 2023 година како дел од прегледот на Неделата на критичарите.

Дури и пред „Паразит“, Ли долго време беше популарен актер во Јужна Кореја. Полициската истрага за наводите дека користел недозволени супстанции предизвика голем интерес на таблоидите.

Тој разговараше со новинарите кон крајот на октомври пред да влезе на испрашување во полициска станица во градот Инчеон, во близина на Сеул.

„Искрено се извинувам што разочарав толку многу луѓе и бев вклучен во таков непријатен инцидент“, рече тој.

„Жал ми е и за моето семејство, кое трпи толку силни болки во овој момент“. Уште еднаш, искрено му се извинувам на целиот свет“, додаде тој.

Јужнокорејскиот закон е многу строг за употребата на дрога. Претседателот Јун Сук Јеок оваа година повика на уште построги мерки за сузбивање на трговијата со дрога во земјата во која продажбата на канабис носи доживотна казна затвор.

Има дури и затворски казни за луѓето што се враќаат во Јужна Кореја откога легално земале канабис во странство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button