Голема тага во домот на порнешната Гранд ѕвезда: „Почивај во мир, нека те чуваат ангелите!“
Младата Гранд ѕвезда скршена од болка
Покрај овие големи загуби што и се случија годинава, Билјана минатата година остана и без своето бебе што посебно ја погоди…
Поранешната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Билјана Сулимановиќ, на социјалните мрежи сподели тажна вест за своето семејство.
Скршена од болка пејачката се збогуваше од својот дедо кој почина вчера, а кој на Билјана и беше голема поддршка во животот.
Фото: Инстаграм/ Билјана Сулимановиќ
„Почивај во мир дедо мој, нека те чуваат ангелите. Сега си мирен и среќен покрај баба, беше силен и храбар човек. Засекогаш ќе ги чувам спомените со тебе во моето срце“, напиша Билјана на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Билјана Сулимановиќ
Инаку, младата пејачка на почетокот од годината остана и без својата баба со која беше посебно поврзана од самото детство.
Фото: Инстаграм/ Билјана Сулимановиќ
Покрај овие големи загуби што и се случија годинава, Билјана минатата година остана и без своето бебе што посебно ја погоди.
Фото: Инстаграм/ Билјана Сулимановиќ
Имено, таа имаше спонтан абортус во четвртиот месец од бременоста, а како што самата откри неколку месеци по загубата, таа посакува наскоро да се оствари во улога на мајка, и тоа е нејзината најголема желба.