Реклама
Наши ѕвезди

Голема среќа во семејството на ќерката на Гоце Арнаудов – Харита се огласи и ја сподели прекрасната вест

Да беше жив пејачот Гоце Арнаудов ќе се гордееше и ќе и' се радуваше на оваа мала принцезичка

Реклама

Внуката на Гоце Арнаудов порасна и сега е вистинска мала принцеза

Ќерката на еден од најголемите македонски фолк-пејачи Гоце Арнаудов, Харита Арнаудова неодамна сподели преубава вест.

Имено, нејзината постара ќеркичка тргна на училиште, па гордата мама сподели неколку фотки со неа и напиша кратко: „Прваче“.

Маркетинг

Харита е мајка на две прекрасни ќерки, Каја и Дора, со кои да беше пејачот жив ќе се гордееше и ќе беше најсреќниот дедо на светот.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Харита Арнаудова

Пејачот Гоце Арнаудов почина на 6 декември 2011 година, а овој 19 август, да беше жив, ќе наполнеше 69 години.

Фото: Фејсбук/ Харита Арнаудова

Тој е роден 1954 година во Струмица, а неговата ќерка Харита и оваа година не го заборави неговиот роденден:

9.08… Деведесет и некоја…

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, МРТ

Среќен е денот… среќен е домот…. Годините, деновите, миговите носат и среќа и болка и искушенија и предизвици и радости и тага…. Нека 19.08 се памти секогаш по тебе, секогаш по среќа…

И во сите денови си тука, ти си присутен, во секој спомен, во секоја песна, во секоја нова кошула…. И во децата секој ден барам нешто твое, ко небаре ако не најдам ќе избледи, ќе се заборави твоето…

Фото: Фејсбук/ Харита Арнаудова

Но ти остави многу, ти направи дела со кои генерации ќе те спомнуваат, ќе те памтат и ќе те пеат, напиша Харита на денот на роденденот на својот татко, великанот на македонската народна песна.

Фото: Фејсбук/ Харита Арнаудова

Потсетуваме, Гоце покрај ќерката Харита зад себе го остави и синот Оскар, кои ги имаше од бракот со Силвија Арнаудова.

Фото: Фејсбук/ Кристина Арнаудова

Покрај синот и ќерката што ги доби од бракот со оваа жена, Гоце беше татко и на македонската пејачка Кристина Арнаудова.

Фото: Фејсбук/ Харита Арнаудова

За разлика од Харита која често споделува статуси и досега има дадено неколку интервјуа за нашите медиуми, синот на Гоце, Оскар, не сака премногу да се експонира во медиумите.

Тие двајцата се во одличен однос со нивната полусестра Кристина која уште како мала реши да тргне по стапките на својот татко.

И таа има две деца, но машки, со кои Гоце исто така би се гордеел и сигурно би испеал некоја песна за нив.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button