Голема РАДОСТ, семејството ПОСРЕЌНО од било кога – Маријан Стојаноски имаше убава причина за славење

Прва молитва за Петар, синот на македонскиот пејач, семејството посреќно од било кога уживаше во заедничките моменти.

Маријан Стојаноски и неговата сопруга имаа убава причина за славење и за среќа.
Маријан долги години е дел од мамедонската музичка сцена, иако веќе извесно време целосно е повлечен од јавниот живот и медиумите, посветен е максимално на својата професија и семејството.
Момчето кое кон крајот на 90-те уживаше голема популарност и кршеше женски срца, сега ужива во мирен и спокоен живот, далеку од очите на јавноста.

Иако понекогаш беше мета на критики и потсмев, сепак тој никогаш не се откажа од неговата најголема љубов – музиката.
Тој на македонската музичка сцена се појави во исто време со најдобриот македонски пејач Тоше Проески и не само што му беше сограѓанин и школски другар, туку многумина експерти во тоа време на почетокот на нивните кариери сметаа дека Маријан е еднакво талентиран и квалитетен вокал како и Тоше, па затоа и на обајцата им предвидуваа блескава кариера.

Денес тој работи во Македонската опера и балет и приватно е исполнет.
Освои многу срца, а клучот од неговото го има само една жена, неговата сопруга Наташа Каранџулоска од Охрид со која веќе неколку годинк е во брак.
Плод на нивната љубов се ќерката Вероника и од пред еден месец и синот Петар.

Петар веќе наполни 40 дена, а со тоа според обичаите е подготвен веќе да излегува надвор.
Откако детето ќе наполни 40 дена се носи во црква на прва молитва.
Тоа го сторија и Маријан и Наташа како вистински верници.
Заедно сите четворица отидоа во црквата Свети Илија во Аеродром, а по молитвата се разбира следуваше и славење.
Ред беше мама и тато да се почестат и да наздрават во името на среќата.
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски