Голема РАДОСТ кај Тарчуловски: Соња со емотивна посвета за СИНОТ – честитки не престануваат да се нижат
Честитки пристигнуваат од сите страни, се слави во домот на Тарчуловски.
Соња се огласи на Инстаграм и напиша емотивна посвета за својот наследник со која ги воодушеви сите.
Уште од самиот старт на нивната врска, македонската фолк пејачка Соња Тарчуловска и политичарот Јохан Тарчуловски, привлекоа големо внимание.
Нивната љубов постојано беше следена од будното око на јавноста, а публиката до ден денес сака да знае сѐ за нивниот приватен живот.
Соња и Јохан се долги години во брак, а плод на нивната љубов се нивните три чеда: Мелани, Младен и Јоана.
Тарчуловски се трудат секој слободен момент да го поминст заедно, а највеќе уживаат во заедничките патувања.
Соња извесно време направи пауза од македонската музичка сцена, но сега одлучи повторно да се врати на старата љубов и тоа со песна која ја напиша нејзината ќерка Мелани.
И Мелани тргна по стапките на мама и на големо гради музичка кариера во Македонија, но и пошироко.
Нејзините родители се нејзина најголема поддршка и гордо ги споделуваат успесите на нивната ќерка.
Нивниот наследник пак го обожава фудбалот и не сака јавно да се експонира.
По повод неговиот 16. роденден Соња се огласи на социјалните мрежи, каде сподели негови фотографии и му напиша емотивна честитка со која ги воодушеви фановите.
„До петтата година детето е твој господар, до десетта твој слуга, од десетта до петнаесетта твој таен сојузник, а потоа станува твој пријател.A ти Младен убавецу наш си наш живот благослов од Бога
Те сакаме Среќен 16 ти роденден”.
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска