Голема радост во семејството на Богоев, пристигна малиот Лука – потпретседателот на СДСМ стана татко, да му е жив и здрав синот!
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев стана татко!
Името на наследникот на Богоев, Лука, доаѓа од латинското Луциос, светол, роден во зора, роден да донесе светлина
На овој свет пристигна малиот Лука, а како што дознаваме, породувањето помина без проблеми.
Веста прв ја објави поранешниот градоначалник кој на социјалните мрежи напиша:
„Шетајќи со Бенџи ни стигна абер од Ивана. Нов член во екипата Богоеви, ни пристигна Лука“, напиша Стефан и го откри името на наследникот преку социјалните мрежи.
Треба да потсетиме дека ова му е прво дете на потпретседателот на СДСМ и неговата избраничка Ивана.
Тие се венчаа во 2018 година, додека тој беше градоначалник на Карпош, во црквата Св. Пантелејмон.
Инаку, сопругата на Богоев е дипломиран политиколог, а се занимава со мода, козметика и здрав живот.
По 9-годишна врска со девојката која го украде неговото срце, тој одлучи да ја запроси и тоа токму на нејзиниот роденден.
Парот стапи во брак во 2018 година.
„Се запознавме пред скоро девет години. Пред тоа воопшто не се познававме. Се најдовме во „Клуб Картел“ кој тогаш постоеше. Од првиот момент имаше искра и почнавме интензивно да комуницираме. Почнавме и да се гледаме, беше убаво и да бидам искрен уште оттогаш имав претчувство дека ќе трае. Оттогаш, покрај љубовта станавме и најдобри другари, партнери. Споделуваме сѐ. Ивана ми е и најголема поддршка во кариерата, а и јас во нејзината – раскажа Богоев по венчавката за „Женски магазин“.
Тие тогаш направија свадбена веселба на која присуствуваа бројни јавни личности, а Ивана ги воодушеви сите со својот изглед.
Тие најпрво во јуни 2018 се заколнаа на вечна љубов во црквата Св. Пантелејмон, а потоа во септември направија и свадбена веселба на која и двајцата изгледаа прекрасно.
На веселбата на која присуствуваа бројни познати гости во центарот на вниманието беше преубавиот фустан на невестата.
Како изгледаше Ивана тогаш, погледнете во продолжение: