Голема радост во домот на Гавазова – фолкерката веднаш ја сподели СРЕЌНАТА ВЕСТ, честитки пристигаат од сите страни
„Јас сум најсреќната сопруга на светот!“
Гавазова со емотивна објава му го честиташе роденденот на својот сопруг
Популарната македонска фолк-пејачка Сузана Гавазова со години ужива во бракот со својот сопруг, Јасмин Курузовиќ, со кого ги доби двете ќерки.
Гавазова неретко во јавноста ги покажува емоциите што ги има кон својот брачен другар, а сега тоа го направи заради посебна причина и ги воодушеви своите фанови.
Имено, нејзиниот брачен другар славеше роденден, а пејачката му се обрати преку социјалните мрежи.
„На овој прекрасен прв пролетен ден се роди мојата љубов, мојот сопруг и татко на моите деца. Личноста која секогаш стоеше со мене до крајот и никогаш не се сомневаше во каква било одлука“.
„Човек со храброст, човек со искреност, добар сопруг, добар татко, совршен придружник. Јас сум најсреќната сопруга на светот! Те сакам и среќен роденден да си жив и здрав“, напиша Гавазова на Инстаграм.
Инаку, Гавазова и Јасмин се заедно скоро десет години, а пејачката не крие дека во бракот и цветат ружи.
Тоа можеме да го видиме и од емотивната порака со која му го честиташе роденденот на својот сопруг, но и од бројните нивни заеднички фотографии на кои изгледаат заљубени како и првиот ден.
Тие се доказ дека кога љубовта е во прашање не постојат граници и дека љубовта не признава боја и религија.
Имено, нејзиниот сопруг е муслиман, а таа православна, а круна на нивната љубов се ќерките Емили и Селена.
Бонус галерија
Топ 10 изданија на Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова