Голема прослава во домот на Гавазова: Торта и балони насекаде – таа беше најсреќна
Се славеше во домот на македонската фолкерка, се беше прекрасно украсено.
Сузана покажа како го украси домот по повод роденденот на нејзината ќерка.
Популарната македонска фолк-пејачка, Сузана Гавазова и покрај тоа што е максимално ангажирана професионално, секој слободен момент го користи да го помине со своето семејство.
Сузе има настапи скоро секој ден и во моментов е една од најангажираните пејачки кај нас.
Доста е активна на социјалните мрежи, каде често знае да сподели фотлграфии и видеа од нејзиното семејство.
Од 2014 е во брак со нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиќ, со кој живеат заедно во Шведска.
Плод на нивната љубов се двете ќерки Емили и Селена.
И двете се прекрасно воспитани девојчиња, а убавината ја наследиле од својата мајка.
По повод родднденот на Емили се славеше во семејството.
Емили наполни 9 години, а гордата мајка сподели фотографии oд роденденската забава.
2 торти и многу балони и роденденски украси беа поставени за славеничката, која свеќичките ги дувна заедно со другарчињата.
Мама и тато беа тука заедно да се веселат со неа.
„Секој твој роденден ми дава исто толку радост колку што ми даде кога првпат ја слушнав веста дека ќе станам мајка. Среќен роденден љубов моја!
Среќен роденден ќерко моја,да си ми жива и здрава! Те сакам најмногу“, напиша Сузе во опис на фотографиите.
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова