Реклама
Наши ѕвезди

Голема причина за среќа во семејството на Анкица од телевизија Сител – македонската водителка откри работи што никој не ги знаеше

Реклама

Презентерката на временска прогноза откри работи за приватниот живот кои досега никој не ги знаеше.

Анкица Јосифовска Ангелковска ја гледаме скоро секој ден на малите екрани. Плени со својата ведрина, смиреност и трпеливост, па дури и лошите најави за времето, со неа лесно се прифаќаат.

Маркетинг

Сител телевизија е единствената телевизија во земјава која им даде можност и на постарите презентери да го покажат своето знаење и умешност пред камерите.

Анкица ја пренесува прогнозата и кога има и лоши и кога има и добри вести, а лично таа повеќе ја сака есента, отколку летото. Вели дека со текот на годините најверојатно, а и како станува се потопло и потопло од година во година, летото почнува да ѝ пречи.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Во емисијата „Магазин“ Анкица откри дека ова лето ќе трае подолго, односно ќе имаме индијанско лето,кое ќе се пролонгира и во септември, што значи дека оние кои сакат да одат на летување подоцна, ќе им се погоди времето.

Малкумина знаат, но Анкица целото свое детство го поминала во Франција. Односно заминала со своето семејство да живее во Париз кога имала само 5 години, па таму останала додека не ги завршила студиите.

Фото: Фејсбук / Анкица Јосифовска Ангелковска

Вели дека во споредба со животот со Македонија недостасува само онаа слобода, блискост меѓу луѓето, но дека е изненадена што како што изминува времето и во Македонија луѓето полека се оттуѓуваат.

Како презентер односно како водител пред камерите првпат започнала да работи токму во Сител телевизија. Претходно имала искуство во радио и други медиуми, но пред камера никогаш.

Бестрашна е и ниедна работа не ја плаши, па токму затоа се одлучила да се пријави на аудицијата на Сител телевизија.

Првично замислата била да бидат две госпоѓи и два господина, но сепак сега се само тројца.

Фото: Фејсбук / Анкица Јосифовска Ангелковска

Вели дека работата ја работи со задоволство и токму затоа не се чувствува како да е на работа.

„Со некои колеги се знаеме и од многу одамна, со некои буквално само се разменуваме поради смените. Јас си се дружам и со останатите колеги. Благодарност до сите колеги, бидејќи ме прифатија иако се помлади од мене. Имаме една убава средина за работа“’, кажа Анкица во „Магазин“.

Пријателите за неа велат дека и приватно и професионално секогаш е насмеана и добро расположена и е навистина прекрасна за дружење.

Фото: Фејсбук / Анкица Јосифовска Ангелковска

Анкица приватно е мајка на два сина, Дарко и Андреј.

Интересно е тоа што разликата меѓу нив двајца е 9 години. Даре има 29 години, а Андреј 20.

„Даре и Андреј се релативно голема разлика од 9 години. Даре како момче од 8 години посака од тато и од мама да му родат братче. Андреј наполни сега 20 години.

И двајцата тргнаа по спортски пат. Даре од многу мал од здравствени причини почна со пливање и пливаше долги години. Обврските тато ги преземаше во тој поглед, мама имаше други обврски. Помалиот син од многу мал кога го изгубивме на плажа на 2-годишна возраст кога тргна по некое коњче да се фотографира и го изгубивме.

Фото: Фејсбук / Анкица Јосифовска Ангелковска

После го најдовме и така почна таа љубов кон коњите си продолжи целиот живот, се додека не почна да се занимава и со јавање, беше и натреправир, освои вори места и продолжува со коњите, сака животни воопшто многу, дома се чуваше цело животинско царство. Чуваме сега веќе 5 години мачка, од неодамна ми донесоа и куче. Сакаме животни, меѓутоа грижата ја префрламе на мама.

Како и кај сите. Мислевме дека ќе оди на ветерина, но не отиде. Отиде по стапките на бато, на економија“, кажа Анкица.

Фото: Фејсбук / Анкица Јосифовска Ангелковска

Таа откри со гледачите и дека наскоро ќе стане свекрва, затоа што нејзиниот постар син ја запросил девојката.

„Пред два дена имавме веридба на синот, морам да се пофалам, идната снаа е прекрасна личност, многу воспитана, многу културна, си се засакавме. Но, што е најважно да се сакаат младите. , јас како свекрва ќе се гледам да бидам ајде да не речам идеална, ама добра свекрва. Веќе се согласуваме. Она што е убаво е што не се со нас, тоа е голма предност, бидејќи јас ја немав таа прилика, па ја знам и едната страна и другата. Но, убаво е што се заедно и што се сакаат“, кажа водителката.

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Фејсбук / Анкица Јосифовска Ангелковска

Фото: Фејсбук / Анкица Јосифовска Ангелковска

Фото: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button