Голема причина за славење во домот на Цеца: Гордата баба на Спасовден го крстеше вториот внук, Анастасија во солзи поради еден потег на семејството!
Крстан го крстија во храмот Свети Сава...
Светлана Цеца Ражнатовиќ минатата недела имаше уште една причина за семејна веселба.
Како што дознавасрпскиот Курир од добро упатен извор близок до пејачката, Ражнатовиќ го крстиле најмладиот член на семејството, Крстан, вториот син на Богдана и Вељко Ражнатовиќ, на големиот христијански празник Спасовдан во црквата Свети Сава.
Чинот на крштевањето е извршен во целосна тајност и без присуство на медиумите по 40 дена од раѓањето на Крстан на 17 април.
-Семејството Ражнатовиќ сакаше овој интимен чин да се случи во најтесниот круг на семејството и пријателите. Веднаш по раѓањето на Крстан се договориле крштевањето да биде на Спасовден, бидејќи Крстан се родил на вториот ден од Велигден. Во храмот Свети сава дојдоа без многу помпа, церемонијата ја извршил свештеникот на Ражнатовиќ, епископот Стефан, со согласност на друг свештеник и ѓакон.
Речиси сите беа во бело – баба Цеца во панталони и кошула, додека нејзината сестра Лидија носеше фустан, како и Богдана, која беше особено воодушевена. Малиот Крстан во еден момент заплака, а сите ги воодушеви со своите елегантни панталони и кошула, како и со елекот. Се помина без проблеми и без голем број камери и новинари како што беше случајот досега на нивните приватни прослави .
– По крштевката, семејството заминало во ресторан, каде што ја прославиле крштевката со свечен ручек. Иако сите беа среќни и возбудени, на сите им беше тешко што тој ден не беше со нив Анастасија која се уште е во Севиља. Таа и самата го прославуваше роденденот тој ден, а во еден момент преку видео повик им се јави на Цеца и Вељко. Тие и приредија и специјално изненадување, па малиот Жељко во еден момент и отпеа роденденска песна на Анастасија, поради што таа се расплака. Навистина и беше жал што тој ден не беа сите заедно- заклучил изворот.