Голема причина за славење во домот на тетовската Мерлинка – ШАРМАНТНАТА ПЕЈАЧКА гордо се пофали на Фејсбук
Во домот на тетовската Мерлинка овие денови имаше голема причина за славење.
Силвана Крстoвска е македонската пејачка која поради својот изглед и русата коса по која е впечатлива го доби прекарот македонска Мерлинка.
Таа беше една од пејачките која пред да започне пандемијата беше доста ангажирана, а нејзините настапи беа закажани месеци однапред. Сега, откако спласна целата ситуација, пејачите повторно се враќаат на свирките, па публиката која со нетрпение ги очекуваше настапите во живо, сега ќе има можност да ужива во гласот на пејачката.
Таа и нејзиниот сопруг Игор важат за еден од најскладните бракови на македонската естрада.
Нивната љубовна приказна започнала кога Силвана имала само 14 години, а по 8 години врска одлучиле љубовта да ја крунисаат со брак.
Тие се венчале на 22 април 2020 година, а на свадбата која траела два дена присуствувале 700 гости.
Таа во многу наврати во своите интервјуа вели дека Игор е нејзина најголема поддршка и ветер во грб. За него нескромно секогаш вели дека тој е сопруг каков би посакала секоја жена.
Доказ за нивната љубов се и многуте фотографии на социјалните мрежи на кои изгледаат вљубено како првиот ден.
Тие се вистиски пример дека љубовта може да трае долги години, доколку се работи на неа.
Нивна најголема гордост се нивните синови Данило и Дамјан.
Пејачката често споделува фотографии од своите деца, а знае да напише и по некоја емотивна порака на социјалните мрежи, поврзана со мајчинството.
„Благословена си како жена кога ќе ја осознаеш и ќе ја оствариш улогата на мајка.
Благословот од Бога ми стигна токму денес,11 април,пред точно 20-ет години и го носи името Данило!
Данило, мојот првороден син кој ја разбранува мојата среќа и кој дава смисла на моето постоење. Данило,еден од тројцата најсакани мажи во мојот живот.
Данило,мојот убавец,кој мама ја прави најгорда мајка на сиот свет!
Среќен роденден,Данило!
Секогаш да си здрав,среќен,успешен, исполнет и насмеан!
Love you мама,тато и Дамјанче“, напиша Силвана на Фејсбук.
Деновиве семејството повторно славеше. Причина за славење беше полуматурата на Дамјан.
Пејачката сподели и семејни фотографии на Фејсбук.
„Дамјан,нашиот полуматурант!
Чекори напред смело ,а ние сме тука да го поддржиме секој твој чекор и да се радуваме на секој твој успех“, напиша таа во опис на фотографиите.
Убавата русокоса е доста активна на социјалните мрежи, каде често знае да изненади и со зводливи фотографии, на кои убаво покажува со што располага.
Понекогаш позира и во костими за капење, а тие фотографии се доказ дека таа поседува линија на која можат д ѝ позавидат многу помлади колешки.
Погледнете и уживајте: