Реклама
Наши ѕвезди

Голема причина за славење во домот на Каролина Гочева – честитки пристигнуваат од сите страни

Реклама

Во домот на македонската поп-дива, Каролина Гочева има голема причина за славење, а честитките не престануваат да се редат.

Каролина, која инаку е родена на 28. април во Битола, го славеше својот 41 годенден.

Маркетинг

Пејачката на својот Инстаграм профил сподели фотографија од својот роденден, на која позира о чаша вино во рацете.
„Срце полно.

фала ви на честитките, денов не можеше да биде поубав

Маркетинг

cheers“, напиша убавата пејачка на Инстаграм, а под фотографијата се нижат коментари со убави желби и честитки упатени за пејчката.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Во својата досегашна кариера може да се пофали со многу хитови кои ите ги знаеме напамет.

Каролина 2 пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место.[1][2] Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапи со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Уште од многу мала сакала да стане пејачка, па на 10-годишна возраст го имала првиот настап на детскиот фестивал
„Си-До“ во Битола. Со песната „Мамо пушти ме“ која ја изедува на Макфест започнуа нејзината ериозна ариера и оттогаш, па наваму Каролина реди само хитови.

Каролина Гочева потекнува од семејство на доктори. Нејзините најблиски се занимаваат со медицина, а таа сепак се одлучи за друга професија, во која и тоа како е успешна.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Она што се знае е дека семејството Гочеви во Битола се познати медицинари, а сестрата на пејачката, Александра за разлика од Каролина работи како анеcтезиолог во битолската клиника.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Каролина веќе долги години живее и работи во Скопје, но секогаш со задоволсто се враќа во својата родна Битола за која во многу свои интервјуа збрувала со премногу љубов во очите.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Во 2016 година Каролина заплови и во брачните води со уметникот Михаил Корубин.

На Инстаграм тие објавија фотографии од венчавката која се одржува во необичен амбиент, во еден од воените хангари на аеродромот Петровец, преуреден за оваа прилика.

Михаил и Каролина дефинитивно знат како да уживаат во љубовта, но и животот.
Имено, на социјалните мрежи и двајцата не ретко објавуваат фотографии од нивните заеднички моменти.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Посебно кога патуваат на некои егзотични дестинации каде можат максимално да уживаат во својата љубов.

Каролона во една пригода за својот приватен живот ќе изјави дека нејзиниот брак изгледа како и на секоја нормална жена.

„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме. Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, изјави пејачката во едно нејзино интервју за естрадниот магазин „Ексклузив“.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Таа тогаш истакна и дека би сакала наскоро да се реализира како мајка, но како што вели, за сé треба трпение бидејќи „животот самиот ги планира работите“.

Деновиве на својот инстаграм-профил објави фотографија со голема симболика.

Фотографијата и зборовите што ја опишуваат предизвика бројни реакции и поддршка од нејзините колеги и обожаватели.
„Денов, месецов, годинава…“ напиша Каролина покрај црно-белата фотографија.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм
ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Поврзано

Back to top button