Голема причина за славење во домот на Драгана Мирковиќ: Ќерката Мануела порасна во вистинска убавица- честитки пристигнуваат од сите страни
Мануела славеше роденден...
Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ не крие колку и значат нејзините деца.
Синот Марко и ќерката Мануела за неа се на прво место и гордата мама заедно со тато Тони се трудат да им ги исполнат сите желби.
Иако со години беа во сенка, сега Марко и Мануела по малку се појавуваат во медиумите.
Направија и свои профили на Инстаграм па така јавноста имаше можност да ѕирне во нивната приватност.
Марко често пати споделува фотографии од патувања, автомобили и излегувања, додека пак за разлика од него Мануела реши да го избрише профилот на споменатата социјална мрежа а во таа одлука ја поддржа и нејзината мајка.
Мануела Бијелиќ со години избегнуваше да се експонира, па сите бевме изненадени од тоа во каква убавица порасна.
-Мануела е поинаква, повлечена е, таа е мое бебе. Моите пријатели велат дека е девојка со најубави очи и најчиста душа.Тие се нормални деца што е најубав комплимент денес. Не се разгалени, тие не патат за брендови, јас дури еднаш ја замолив ќерка ми да облече еден од моите фустани затоа што е малку поексклузивен и брендиран, а таа не сакаше да слушне, срам и е другарките да ја видат во него.Таква е таа“, изјави Драгана за Стори.
„Кај нас доаѓа друштво од различно потекло, а пред се пријателите ни се претежно луѓе со некоја просечна плата. Нашите деца се свесни за парите и веќе имаа можност да заработат. Марко на пример се занимаваше со сметководство. Мануела работеше на рецепција три месеци, доволно за нејзината возраст да стекне искуство и работни навики. Тоа беше нивна желба да работат, ние не ги принудивме на тоа“, вели Драгана Мирковиќ.
Но и покрај тоа што Мануела реши да се повлече од социјалните мрежи, гордата мама Драгана сподели низа фотографии од нејзината наследничка а за тоа имаше голема причина.
Имено Мануела го прослави својот дваесет и прв роденден а многумина коментираа дека изгледа како вистинска принцеза од бајките.
Облечена во розово, со декорации од розови цвеќиња, Мануела ги дувна роденденските свеќички.
-Бајка за мојата принцеза. До сега немам објавено ништо од приватни настани, бидејќи некако љубоморно ги чував тие моменти само за моето семејство. Но, сега почувствував потреба да го споделам со затоа што ти го заслужуваш тоа, затоа што споделуваш се со мене и си дел од мојот живот.