ГОЛЕМА ЗАГУБА: Почина познатиот актер!

Актерот Бил Хејс, ѕвездата на серијата „Days of Our Lives“, почина на 98-годишна возраст.
„Со тешко срце ја споделуваме веста за смртта на нашиот сакан Били Хејс. „Еден од најдолготрајните ликови на „Days of Our Lives“, тој ја играше улогата на Даг Вилијамс од 1970 година“, изјави портпаролот на шоуто за магазинот People.

Тој додаде дека Хејс и неговата сопруга Сузан Сифорт Хејс биле основата на семејството Вилијамс-Хортон повеќе од 50 години.
Хејс го прослави својот 98-ми роденден на снимањето на шоуто минатото лето. Неговите колеги ја одбележаа прославата со торта и слика од неговите млади денови. Со него беше и неговата сопруга Сузан, која ја запозна на снимањето на серијата и со која се ожени двапати.
Двојката се запознала на снимањето, а интересно е што една сцена била пресудна за нивната иднина.
Имено, Бил и Сузан за прв пат се бакнаа пред камерите во 1970 година. Четири години подоцна се венчаа, а дури во серијата беше организирана и венчавката на нивните херои, па го кажаа второто, судбоносно „да“, само за малите екрани, на 1 октомври 1976 година.




