Голема брука за кралицата Летиција – за средбата со Меланија Трамп го копираше нејзиниот стил од пред една година
На прв поглед кралицата изгледа и подобро од Меланија
Познатите модни икони имаа блиска средба. Меланија за оваа пригода избра маслинесто зелен фустан со бели детали и маслинести салонки со високи потпетици, додека Летиција блескаше во розов фустан со средна должина украсен со копчиња во пределот на колковите и салонки во иста боја. И на прв поглед изгледа дека Летиција ќе ја однесе победата во овој моден дуел бидејќи нејзиниот фустан несомнено е многу подобар во однос на Меланија.
Но тоа беше така се додека во медиумите не се појавија првите критики на сметка на шпанската кралица. Впрочем, нејзината комбинација претставува само лоша копија од едно минатогодишно издание на Меланија.
Имено, првата дама на Америка минатото лето во ист фустан ја дочека кралицата на Панама само што тогаш познатата Словенка одлучи да носи син модел и шарени високи потпетици. Во прашање е фустан од познатиот дизајнер Мајкл Корс по кој полудеа жените од целиот свет.