Реклама
CelebrityНовости

Големата љубов на еден од најпознатите холивудски парови: Хемијата беше премногу силна, се погледнавме, и тоа беше тоа

Реклама

Ова е вистинска приказна за една фатална и силна љубов помеѓу големите светски ѕвезди.

Ова е приказната за љубовта меѓу оскаровецот Том Хенкс и неговата сопруга, актерката Рита Вилсон …

Маркетинг

Том Хенкс (62) , двојниот добитник на Оскар, е еден од најуспешните филмски ѕвезди во историјата и еден од двата актери чии филмови последователно заработиле 100 милиони долари и тоа седум пати по ред, Тој и покрај големото богатство и славата никогаш не бил познат како голем заводник или човек склон да флертува. Веќе 30 години е лојален на неговата сопруга, Рита, со која има две деца. Оваа актерска двојка е нераздвојна. Сепак, малку е познато дека Хенкс имаше семејство пред неговиот брак со Рита.

„Темната страна на Том” го долови срцето на младата Саманта

Неговата прва жена, Сузан Џејн Дилингам, која беше именувана Саманта Луис, се сретна со него додека присуствуваше на актерската академија. Нивното пријателство цветаше и беше само прашање на време кога тие ќе станат љубовен пар. Хенкс со години се бореше со депресија и вознемиреност, а Саманта беше единствената личност која секогаш беше со него во тоа време. Во неколку интервјуа таа призна дека оваа „темна” страна на Хенкс беше најпривлечна за неа и го освои нејзиното срце.

Маркетинг

По завршувањето на академијата, младиот пар одлучи да замине во Големото јаболко, Њујорк. Деновите ги поминаа на аудиции за нови улоги. Наскоро Саманта остана бремена, а во 1977 година, го роди нивниот син, Колин. Една година подоцна тие стапиле во брак. Том имаше 22 години, а Сузан 26 години. Ќерката Елизабет Ен се роди во 1982 година.

Без разбирање за неговата работа

Борбата за опстанок на младото семејство траеше неколку години. Во големиот град дојдоа со заштеди што беа доволни за да платат за изнајмениот стан. За да го нахрани своето семејство, Том работел од утро до вечер. Тој ја одигра првата помала улога во нискобуџетниот хорор „Тој знае дека си сам”, а потоа играше во главната улога на телевизиската серија „Босомаџија”, во која Саманта одигра помала улога. Во следните неколку години, тој продолжи со улоги во многу попопуларни серии, а неговото дејствување во „Happy Days” го импресионираше младиот Рон Хауард, кој во 1983 година му ја даде улогата во „Splash“.

Неговата слава се зголеми, луѓето го препознаваа на улиците, па наскоро тој дури и не мораше да оди на аудиции, бидејќи продуцентите го викаа по препорака. Но додека на деловен план беше успешен, неговиот приватен живот станува се повеќе и повеќе болен. Неговиот брак почна да се распаѓа, а кавгите во семејството Хенкс станаа секојдневие. Саманта, иако самата била актерка, немала разбирање за работата на Хенкс.

Рита веднаш го освои, но тој сакаше да се бори за опстанокот на бракот

Иако тој не беше типично „злобно момче “, кој имаше неколку љубовници, како и повеќето холивудски актери, Хенкс имаше љубовница која “му го освои” срцето на прв поглед. Со фаталната Риту Вилсон првпат се сретнаа на снимањето на серијата „Bosom Buddies”.

Сепак, во тоа време бил посветен татко и верниот сопруг, и ни на крај памет не му било да го напушти семејството за друга жена . Во младоста го гледал татко му како ја напушта неговата мајка и си заминува со љубовницата . Тој не сакаше да стане како неговиот татко, бидејќи знаеше колку мајка му страдаше од таквиот безмилосен чекор. Имено, таткото на Хенкс се оженил двапати, а мајка му три пати.

Ова во голема мера влијаело врз неговото воспитување, но и врз односот кон семејството, кон децата, кон неговата сопруга. Но и покрај тоа што Том и Рита се обиделе на секој начин да се дистанцираат еден од друг, хемијата меѓу нив беше премногу силна. И на крај таа победи.

https://www.instagram.com/p/6YqqcDl7Yf/

 

„Рита и јас само се погледнавме и тоа беше тоа. Ја прашав дали мисли дека е нешто за што вреди да се бори “, изјави Хенкс во едно интервју.

Рита Вилсон е родена во Лос Анџелес, Калифорнија, во семејство со грчко потекло. Таа покажа неверојатен талент за глума, но за да дојде и да го постигне она што е сега, потребно и беше многу време.  И за неа патот бил многу тежок.

Откако се разведе, тој се ожени со Рита

Судбината, очигледно, сакаше да ги спои во 1985 година. Тој никогаш не бил горд на неверството кон неговата сопруга, но често истакнал дека хемијата е премногу силна и невозможно е да се игнорира толку долго.

Кратко потоа, Том поднесе барање за развод, бракот меѓу него и Саманта заврши во 1987 година . Само една година подоцна, Хенкс повторно се ожени. Со нејговата најголема љубов, Рита Вилсон.

Во тоа време ниту тој, ниту Рита не беа премногу познати, ниту пак свадбата била од интерес за медиумите. Само се знае дека се венчале во црквата Св. Софија во Лос Анџелес, а поради љубовта кон Рита Том се преселил од католичка во православна вера. Во новото семејство, открил се што никогаш порано немал.

„Искрено, со оваа свадба , добив вистинско традиционално семејство во кое луѓето сакаат да трошат време едни со други. Во текот на сите овие години, открив дека бракот со Рита не може да го замени ова чувство. Не можам да ги набројам сите придобивки што ги има таков однос. Кога сте од ден на ден до детали вклучени во животот на вашите најблиски“ – призна Хенкс.

Тивок живот и стабилен брак

Тие никогаш не сакаа да бидат претерано во медиумите, а соседите можеа да речат дека оваа двојка живее исто како и другите. Тивко и скромно. Не ги сакаа црвените килими, гламурот и премногу внимание .

Тие уживале во нивниот скромни дом, добиле два сина Честер и Труман Теодор. Иако веруваат дека судбината ги доведе еден до друг, истакнуваат дека нивниот брак не е како оние на филмовите.

Денес тие се сметаат за еден од најпопуларните, но исто така и најстабилните холивудски парови, и тајната за успешен брак со Рита и Том е едноставна. Довербата и стабилната врска се клучни за долгорочната среќа.

– Рита и јас не сакаме да им дозволиме на новинарите да одат во нашиот дом, и така тоа ќе остане. Ние не сме гламурозна двојка што сака папараци и затоа сме среќни – објаснува Том.

Иако со неговата прва сопруга не остана во добар однос по откривањето на нејзината тешка болест Том и Саманта повторно се спријателиле. Имено, актерката боледувала од рак на коските, а почина на почетокот на 2002 година.

Поврзано

Back to top button