Големата семејна тајна на Павле Витанов од Струмица ги изненади сите – шок приказна од неговиот живот
Павле победи во осмата сезона од натпреварот
Пејачот Павле Витанов од Струмица стана познат во целиот регион по победата во шоуто „Никогаш не е доцна“.
Тој триумфираше истата година кога и неговата сограѓанка Славица Ангелова победи во „Ѕвездите на Гранд“ и од тогаш медиумите од регионот често пишуваат за него и неговиот живот.
Па така „Гранд.онлајн“ деновиве сподели еден интересен детаљ од неговиот живот кој никого не остави рамнодушен.
Имено, како што пишува овој портал, Павле и неговата сопруга, како и нивните деца, сите се родени на ист датум.
Како што раскажа самиот за споменатиот портал, кога прв пат се запознал со сопругата и кога ја прашал кога е родена, не можел да поверува.
Но токму тоа дополнително ги зближило, а потоа и децата се родиле на истиот датум што навистина е за неверување.
„Тоа од економска страна е добро, четири родендени, две торти“, изјави во една пригода пејачот од Струмица.
Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
Плачеше за време на натпреварот
Потсетуваме, Павле по триумфот во шоуто си ја отвори душата, па откри и кој беше најемотивниот момент за него.
Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
Како што самиот изјави тогаш, она што му се случило на неговиот колега Петар Спасојевиќ за време на шоуто многу го растажило така што плачел повеќе пати и не можел да ги сокрие своите емоции.
Имено, на колегата додека се натпреваруваа во шоуто му почина сопругата која многу ја сакаше и која беше тешко болна.
Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
Петар не криеше дека се натпреварува затоа што токму таа го убедила да се пријави во шоуто, а бидејќи и тој победи со помошна на гласовите од жирито, победата и ја посвети токму на сопругата.
Повеќе за овој момент прочитајте тука …