Годините не и можат ништо – актерката и на 59 години се прошета во провокативен фустан на црвениот килим и ги засени сите
На доделувањето на „SAG“ наградите, оваа дама се појави во креација од генијалниот Зухаир Мурад, која покрај прекрасниот раскошен горен дел имаше и многу високи прорези на долниот дел.
Актерката Патриша Кларксон не се срами да го покаже своето извежбано тело со кое може да засени и многу помлади колешки од неа.
Патриша тоа го покажа и на доделувањето на „SAG“ наградите каде што ги воодушеви сите со креацијата на Зухаир Мурад, која покрај прекрасниот раскошен горен дел имаше и многу високи прорези на долниот дел преку кој во центарот на вниманието беа нејзините убави нозе.
Волшебниот фустан актерката го носеше во комбинација со сандали од Џузепе Заноти и скапоцен накит, и истовремено ни покажа и дека никогаш не можете да направите грешка со црвен кармин и ниска пунџа.
Патриша се има појавено во многу познати серии и филмови, а нејзините најистакнати улоги беа во популарните филмови „Зелена милја” и „Островот Шатер”, како и во сериите „Куќа од карти“ и „Остри предмети“.