Реклама
LIFESTYLEВирално

Глетка која досега не сте ја виделе: фотограф успеа да сними пчели додека спијат

Реклама

Дали некогаш сте виделе како пчелите спијат?

Многу од вас најверојатно ќе го одговорат ова прашање негативно, и токму затоа фотографијата направена од Џо Нили го израдува интернетот.

Маркетинг

Џо успеа да направи фотографија од две пчели како спијат во цветот. „Приказната започнува така што тој и неговата свршеница Никол, биле во потрагата по афионовиот цвет, па така наишле на еден куп розови цвеќиња, па решивме да застанеме и да сликаме”.

Никол фотографирала над цвеќињата  и забележала дека во едно од цвеќето на овие растенија лежат пчели кои не се движат, вели Нили за „Bored Panda“.

Маркетинг

 

„Дојдов да набљудувам, а потоа се појавија и други пчели. Наскоро сите цвеќиња беа зафатени. Една пчела остана, па и таа бараше отворен цвет за да влезе и да се смести во него, изгледаше како да е пијана “, вели таа. 

„Не знаевме дека пчелите спијат во цвеќе, но подоцна се покажа дека овие пчели спијат токму во овие цветови – Globe Mallows”, вели Нили .„Не можете да воочите дали некои пчели спијат како што можете кај луѓето тоа да го забележите бидејќи немаат очни капаци” додаде таа.

https://www.instagram.com/p/BuCEG1BAM2G/

„Некои научници потоа проучувале и сфатиле дека пчелите престануваат да ги мрдаат своите антени  и легнуваат странично додека спијат “, вели за „Bored Panda“ Брендон Хопкинс од Универзитетот во Вашингтон .

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button