Гламурозна крштевка за наследникот – македонскиот актер запеа на забавата за својот син
Познатиот македонски актер направи гламурозна крштевска за својот син единец.
Жарко сподели видеа и фотографии од забавата и ги воодушеви сите.
Млад, енергичен, шармантен, миленик на публиката. Тоа е младиот македонски актер Жарко Димоски, кој од ден во ден, сѐ повеќе ги освојува симпатиите на народот.
ФОТО: Инстаграм / Жарко Димоски
Димоски кој е активен на повеќе сцени, на пошироката јавност ѝ стана познат како дел од ансамблот на „Театар Комедија“.
Но, освен што е максимално посветен на глумата, задолжително одвојува време и за вежбање.
ФОТО: Инстаграм / Жарко Димоски
Токму затоа е еден од малкуте актери кои може да се пофалат со вајано и мускулесто тело.
Опиен од сините очи на убавата кавадарчанка Андреа Јосифова со која две години беше во врска, во 2020 година запловија во брачните води.
ФОТО: Инстаграм / Жарко Димоски
Нивната свадба се одржа во Ровињ, Хрватска, во кругот на најблиските членови и пријатели почитувајќи ги правилата и препораките за заштита од коронавирусот.
Минатата година на 15 август нивното семејство се збогати за уште еден член – синот Вито.
Жарко и Андреа одлучија да направат крштевк а Вито и по тој повод организираа забава за паметење.
ФОТО: Инстаграм / Жарко Димоски
Самиот чин на крштевање се случил во црквата Св. Јован во Козле, а забавата во Камник.
Андреа бил целосен организатор на забавата, која изгледаше гламурозно, а сите беа облечени во бела боја.
Гордиот татко беше весел цела вечер и ги забавуваше гостите со песна.