Реклама
Вирално

Ги чека ли и државите од Балканот „италијанско сценарио“ заради коронавирусот? Во оваа земја е најлошо, здравството во колапс!

Реклама

Во оваа земја ситуацијата полека станува алармантна

Босна и Херцеговина веќе зачекори во „италијанското сценарио“ и потребно е итно да се воведе вонредна состојба, предупредува директорот на Здравствениот дом во Устиколина, воен командант на болницата во Горажде, Прим. Д-р Алија Беговиќ, пишуваат босанските медиуми.

Маркетинг

Тој предупредува дека БиХ очекува колапс на здравствениот систем.

Властите не ги слушнаа неговите претходни апели, а бројот на новозаразените лица во БиХ брзо се зголеми од 218 на повеќе од 500 за 24 часа.

„Податоците за петок велат дека имавме 506 заразени во Босна и Херцеговина за еден ден. Тоа е чиста математика и не можам да разберам дека нашите власти се толку дрски, што не им е грижа што луѓето yмиpaaт или не разбираат, не ја знаат математиката. Многу е лесно да се види дека, според сегашните индикатори, околу 100 пациенти од тие 500 ќе завршат во болница. Ни требаат само 100 кревети за еден ден. Значи, ако ви требаат 100 кревети за само еден ден, тогаш во следните пет дена ви требаат уште 500 легла.“

Маркетинг

„Без итни мерки, ќе се случи луѓето да почнат да yмpaт во своите домови, проследено со тeпaчкa за место во болницата, а не знаеме како ќе биде. Затоа јас сум многу загрижен за ситуацијата и она што нè чека“ – рече Беговиќ.

Додека здравствените работници ги ризикуваат своите животи почитувајќи ги мерките затоа што се принудени да го сторат тоа, повеќето дури и не носат маски, не го почитуваат држењето на социјална дистанца, па дури и организираат концерти и други собири.

Во Сараево исто така алармантно

Претставници на кризниот штаб, вклучително и сојузниот министер Вјекослав Мандиќ, исто така предупредуваат дека Босна и Херцеговина може да ја чека италијанското или шпанското сценарио, но Беговиќ вели дека не е доволно само да се предупредува, туку и да се делува.

„Јас немам инструменти и морам да зборувам, бидејќи немам друг начин. Можам да го организирам мојот здравствен центар во Устикола, но ништо подалеку или пошироко од тоа. Верувам дека мора да се воведе вонредна состојба како итна состојба, со забраните за движење, забрана за работењето на објектите, полицискиот час и сите други мерки со кои треба повторно да го сопреме нормалниот живот, за да го вратиме бројот на ново заразени на околу стотина на ден, за да можеме да се бориме до појавата на вакцина во наредните 4-5 месеци. Ако имаме среќа. “ – истакна лекарот.

„Од нас зависи“

И додека вирусот беснее во регионот, во Охрид овие денови е вистински пример за тоа како не треба да биде.

Како што пишуваат медиумите, во овој град за продолжениот викенд се создаде голема гужва, а пропишаните мерки речиси воопшто не се почитуваат. Туристите наводно ретко носат маски, а и пропишаната дистанца речиси никој не ја почитува.
На социјалните мрежи можеме да видиме фотографии и видеа во кои ова место го нарекуваат „македонскиот Вухан“, а посебно критики има за некои плажи каде пропишаните мерки најмалку се почитуваат.

За ситуацијата предупреди и министерот за здравство Венко Филипче, кој на својот профил напиша:

„Ти си на одмор, но вирусот не е! Носи заштитна маска или марама кога не можеш да одржиш физичка дистанца. Да се заштитиме од ковид-19, да ги почитуваме мерките за да го стопираме ширењето на овој непредвидлив вирус. Да бидеме совесни за најблиските околу нас. Од самите нас зависи!“ напиша Филипче на Фејсбук.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button