Реклама
Наши ѕвезди

Ги расплака сите: Македонскиот јутјубер за битката со тешката болеcт – „Силите ми се при крај, paкот се шири“

Реклама

Тој е еден од најпознатите јутјубери на македонската јутјуберска сцена, а сега пред него е голема боpба.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Стефан Рашковиќ, во јавноста познат како Стефонатор е еден од првите и најдобри јутјубери. Иако јутјуб сцената не е толку развиена во Македонија, тој и Марко Марковиќ во јавноста познат како Џипи за кратко време успеаја да соберат голем број публика која ќе ги следи и со нетрпение ќе очекува ново видео.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Започна со јутјуб, но потоа доби можност да се испроба и во други професии.

Маркетинг

Напиша и книга, заедно со Џипи, насловена „Нашиот пат“, која за рекордно реме беше распродадена.

Тинејџерите кои ги следат чекаа со часови да добијат потпис и автограм од јутјуберите.

Маркетинг
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Младинскиот културен центар беше премал за публиката која дојде на промоцијата на книгата.
Посетителите се туркаа за да стигнат до примерок од книгата, која се продаваше на неколку пунктви. Откако најомилените јутјубери во Македонија, GP и Stefonator, го објавија видеото „Нашата книга“ на своите „Јутјуб“ канали, информацијата за тоа дека овие момци напишале книга молскавично одекна насекаде.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Но, пишувањето не го задоволи Стефан, па одлучи да се испроба и како пејач. Неговите песни веднаш нижат прегледи, а неговите фанови ги знаат напамет.

И тука не се завршува. Стефонатор на публиката и покажа уште еден талент. Има само 23 години, студент е на мултимедија и дизајн и веќе има завидна кариера зад себе.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Пејач, јутјубер, автор, а сега во својата биографија може да запише и дека имал можност да синхронизира филм.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Стефан инаку е дел од екипата која го синхронизираше филмот „Хакер“, а глумеше и во една од епизодите на хит серијата „Преспав“.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Познат е и по серијалот „90 Секунди“ од кој досега биле дел некои од најголемите македонски ѕвезди со кои Стефан успеа да направи интервју.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Но, Стефан ја запрепасти публиката откако соопшти дека се бори со тешка болест. Пред него е долга и тешка битка, во која Стефан е сигурен дека ќе извојува победа.

На својот Јутјуб канал тој објави видео во кое зборуваше за борбата со кaнцерот. Иако се трудеше да биде храбра и да им даде мотивација и ила на останатите кои се борат со истото, Стефан не издржа и заплака пред камерата.

Со својата приказна тој ја расплака целата земја и веднаш доби огромна поддршка од сите кои го погледнаа видеото.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Стефонатор вели дека нема друг избор освен да биде храбар и да го изоди патот насмеан, без разлика што на моменти ќе има и солзи и револт кон животот зошто се случи тоа што се случи.

Но, најважно од сѐ е што тој собра храброст да говори јавно за да ја поткрене свесноста на тема машко здравје и потребата од редовни прегледи.

Стефанатор во детали го опиша оперативниот зафат за четирите циклуси на хeмотерапии, но и за последиците од истите.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

И актерот Васил Зафирчев кој порача да се надеваме дека оваа храбра и емотивна приказна некому ќе значи животна сила, поттик и инспирација.

„Силна поддршка и искрена желба за побрзо закрепнување на Стефанатор и на сите мажи кои се борат со оваа болеcт“, напиша Зафирчев.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Со многу емоции, Стефан ја започна својата приказна:

„На 23 јули 2020 година, денот што јас никогаш нема да го заборавам, бев дијагностициран со тумooр. Во моето тело имаше две топчиња кои се многу штетни и не треба да бидат во моето тело“ – започна Стефан и кажа дека следниот чекор кој докторите му го препорачале било опеpација:

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

„На 21 септември минатава година јас правев операција за едно од тие топчињата кои се штетни, за да се извади и се извади. Тоа второто што остана треба обично да се стопи со хемотерапија. Добра вест беше дека мојот тумор е 99% излечив и дека нема од што да се плашам. Но, почнаа да доаѓаат тие хемoтерапиите. Крајот на октомври почнав на терапии со тоа што, една цела недела од понеделник до петок примаш хемoтерапија. Примив четири циклуси, завршив со хемотерапијата некаде околу 20 јануари“, кажа јутјуберот.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

И покрај целата боpба, тој продолжил храбро да ги исполнува сите работни обврски и да оди на настани, без публиката да забележи низ што поминува.

„Хемотерапија беше нешто што најтешко го издржав. Беше тешка и операцијата, бидејќи после операцијата јас не можев да станам од кревет, неколку дена не можев да станам никако од кревет. Имав страшно лоши болки. Потоа почнав да земам некои апчиња против бoлки, па почнав полека да се пуштам, одев, правев по неколку чекори во соба, па сè подалеку и сè подалеку. По неколку дена јас отидов во Штип на настап. Тоа го направив само неколку дена по оперaција, не знам ни јас како. Сите ми се чудеа. После следеше филмот „Хакер“, премиерата на „Хакер“ и некако отидов.

После почна да се случува хемотерапијата, што за мене беше најтешкото нешто досега во животов, затоа што сè ти се пореметува. Почнуваат да ти паѓаат сите влакна, примав хемотерапија три месеци и мене константно ми се повраќаше по цели денови.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Крвта ослабена ненормално, организмот ужас, сè ужас, сè хаос, затоа што хемотерапија се отрови, буквално отрови што ги уништуваат сите лоши клетки во тебе, но уништува и добри.

Јас сум сè уште хаос и немам коса и затоа се прикривам вака со илјада капи затоа што ми е непријатно. Мразам затоа што немам коса, но косата е најмал проблем и помината е хемотерапијата и најверојатно нема повеќе да примам хемотерапија. Едвај чекам да порасне коса, еве брада почна, што многу се радувам и не ја бричам.

Не знам дали беше воопшто добра идеја да снимам видео, да зборувам за ова. Пред само неколку дена, мислев дека кога ќе го ставам ова видео ќе се вика „Го победив туморот“. Но, ова видео не се вика така.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Бев на скенирања и испитувања еден месец по хемотеpапијата. И иако прогнозата беше дека терапијата е 99% успешна, излезе дека јас не сум во тие и дека треба да правам уште една опеpација. Знам дека има многу полошо од моево, јасно ми е дека не е крај на свет, дека сè е излечиво, но едноставно силиве ми се на крај. Затоа што многу месеци се борам со ова и многу е тешко и буквално животот ти се менува.

Сфаќаш дека нема ништо поважно од здравје. Сега ете доаѓа вест дека борбата не е готова, иако мислев дека е и се радував. Излезе дека треба да правам уште една операција за тоа второ топче, бидејќи е активно сè уште. Да се извади со операција. Би требало тоа да е последен чекор од ова и после тоа да седнам да ви снимам уште едно видео, да ви кажам дека сум конечно здрав. Но, ќе видиме. Очигледно ништо не се знае и треба да се надеваш само на најдоброто.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Имав среќа што го најдов во некоја почетна фаза, што не беше раширено, а се шири.

Ако поминувате низ ова како што поминувам јас, останете јаки, затоа што само тоа ни останува. Ако сте поминале, ви честитам и знаете која голема боpба сте ја поминале. На никого не го посакувам ова. Ако некогаш во животот ве снајде, или знаете некого, бидете покрај него бидејќи е една многу голема и многу тешка биткa. И знај дека сè ќе помине. Треба невидено трпение и многу сила“, заврши Стефан.

Ова негово јавно соголување ја трогна целата Македонија. И оние кои го следат, но и повозрасните.

Дефинитивно претставува мотив за сите, но е и за поздрав неговата храброст отворено пред сите да каже низ што поминува.

Се надеваме дека Стефан од сето ова ќе излезе како победник и понатаму ќе продолжи неуморно да твори, затоа што малку е да се каже дека пред таков како талент како него претстои и светска кариера.

ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button