Ги праша пријателите дали им се допаѓа нејзиниот венчален фустан, па се покаја: „Изгледа грдо. Подобро ќе ти биде да го запалиш“
Секоја жена што поминала низ тоа, знае колку е тешко да се најде совршен венчален фустан, а бројни идни невести со месеци бараат низ продавниците фустан што ќе го носат на својот најубав ден в животот.
И некои во потрагата повеќе не им веруваат на најблиските и на пријателите, па за помош бараат и од странците преку социјалните мрежи и форуми.
Така една жена ги праша странците на Фејсбук што мисли за фустанот кој и се допаднал, а фотографиите што ги сподели предизвикаа сé само не позитивни коментари. Имено таа се интересираше дали може на нејзината венчавка да носи фустан кој и го покажува голиот стомак, а произлезе дека целиот фустан е проблематичен. Барем за неа. Корисниците на Фејсбук го опишаа како да доживеала сообраќајна несреќа со него и порачаа дека треба да го запали.
„Единствената позитивна работа е деколтето, но ми се чини како некој да пресекол шест различни венчаници и ги споил“, пишува во еден од коментарите.
„Фустанот изгледа добро, но само кога го носи некој што е висок 177 сантиметри и има тело како Ел Мекерсон“, напиша друга на Фејсбук.
„Фустанот не е лош, само едноставно не изгледа добро на тебе“, пишува друг во коментарите на социјалните мрежи.