Реклама
Новости

Ги обожаваат сите, од Карлеуша до Џулија Робертс и Меланија Трамп – избрани најпопуларните патики на сите времиња

Реклама

Еден од најпопуларните и најпознатите брендови на сите времиња, „Converse All Star“, исто така познат и како „Chuck Taylor All Star“, има долга и богата историја која опфаќа нешто повеќе од еден век. Нивните старки се прогласени за најпопуларни патики на сите времиња.

Тие се заштитен знак на бројни субкултури и главна карактеристика на многу трендови. Тие искажуваат став и стил чија популарност останува безвременска.

Маркетинг

 

Маркетинг

Приказната за нив датира од 1908 година кога Маркис Милс почна да произведува чевли, кои, за разлика од останатите во тоа време, содржеле голем процент гума.

На овој начин беше создадена Converse Rubber Shoe компанијата,  додека Converse All Star се појави во 1917 година.

Потоа беа направени патики со многу едноставен дизајн од платно и гума, онакви какви ги познаваме денес.

Покрај  тоа што досега ги имаат носено  многу познати личности, како што се Елвис Присли, Џорџ Харисон, Курт Кобејн, старките се појавиле дури 648 пати на филмско платно (немаме поим од каде оваа бројка, но така пренесуваат странските медиуми). Еден од првите филмови каде што старките се сеприсутни е култниот Брилијантин М (The Grease).

Па, дали досега сте носеле старки и што мислите за нив? Споделете го вашето мислење со нас во коментарите…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button