Ги носат Амал, Викторија и Џен – и познатите дами ги обожаваат панталоните што најдобро им стојат на дами над 30 години
Панталоните од еден од најстарите материјали повторно го маѓепсаа модниот свет, но и многу познати ИТ дами кои се на возраст над 30 години.
Кожните панталони се моден класик кој многу девојки сакаат да ги носат дури повеќе и од фармерките. Меѓу нив се и Амал, Викторија и Џенифер кои можат да ни послужат како совршен пример за инспирација.
Можеме да ги носиме во најразлични пригоди, без разлика дали одиме на деловен состанок, на кафе со пријателките или само сакаме да заблескаме на некоја новогодишна забава, кожата едноставно е совршен избор. Тоа можеме да го видиме и од најпознатата адвокатка на светот и сопруга на Џорџ Клуни, прекрасната Амал Клуни (40) која своите тесни кожени панталони ги носи со чизми со дебели, високи потпетици, тренди црна капа, ролка во иста нијанса и долг, стејтмент елек со животински дезен.
Класичните модни парчиња како што се кожните панталони ги обожава и 44 годишната дизајнерка Викторија Бекам која едноставно го вклопи во совршена комбинација составена од обична бела маица и црни салонки.
Кожните панталони одлично го истакнаа и убавото тело на Џенифер Анистон (49) која овој пат играше на сигурно – ги носеше со робусни чизми, долг капут и обична маица. Низ познатите продавници понудата со кожни панталони навистина е богата па во продолжение погледнете неколку модели што ги избравме специјално за вас.
ASOS
Bershka
Bershka
H&M
Mango
Pull and Bear
Reserved
Zara